Сите (остров)
Сите (фр. Île de la Cité = Остров на градот) е еден од двата природни острови во Париз во реката Сена. Другиот е Сен-Луј, а третиот е Сињ и е вештачки. Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Денес островот е познато туристичко одредиште бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот:
- Богородична црква (Нотр Дам) - монументална црква во готски стил од XII - XIV век
- Света Капела - прекрасна капела во готски стил од XIII век
- Понт неф (Новиот мост) - денес најстар мост на Сена во Париз изграден во 1607 година.
Покрај тоа, на островот се наоѓаат и Полициската префектура, Палатата на правдата, Болницата Отел Диу и Трговскиот суд.
Островот е поврзан со двата брега на Сена и со соседниот остров Сен Луи кој е главно резиденцијален.