I округ (Париз)
Првиот округ во Париз е еден од 20 арондисмани (административни окрузи) на главниот град на Франција.
Прв (I) округ на Париз | |
---|---|
Француски општински округ | |
Париз и најблиските предградија | |
Држава | Франција |
Регион | Ил-де-Франс |
Департман | Париз |
општина | Париз |
Управа | |
• Градоначалник | Жан-Франсоа Легаре |
Површина | |
• Вкупна | 1,83 км2 (71 ми2) |
Население (попис од 8 март 1999)[p] | |
• Вкупно | 16,888 |
• проц. од (2005) | 17,700 |
• Густина | 0,092/км2 (0,24/ми2) |
^[p] Population sans doubles comptes: single count of residents of multiple communes (e.g. students and military personnel). |
Се наоѓа главно на десниот брег на реката Сена, но го вклучува и западниот крај на Ил-де-ла-Сите. Овој округ е еден од најстарите во париз бидејќи Ил-де-ла-Сите било срцето на градот Лутеција, освоен од Римјаните во 52 п.н.е., додека некои делови на десниот брег (вклучително и Ле-Ал) датираат од Раниот Среден век.
Тој е најмалку населениот округ во градот и опфаќа најмала површина, на која се наоѓа музејот Лувр и Тилериската градина. Останатиот дел е посветен на бизнисот и администрацијата.
20-те окрузи на Париз | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Географија
уредиПрвиот округ е мошне мал и се протега на површина од само 1,83 км2 (0.705 квадратни милји, или 451 акри).
Демографија
уредиВо 1999, населението на округот броело 16,888, а според работни места 63,056, со што според бизнис активност е рангиран на 4то место, зад 2-от, 8-от, и 9-от париски округ.
Историска популација
уредиГодина (на француски попис) | Население | Густина (жители на км2) |
---|---|---|
1861 (peak of population)¹ | 89,519 | 49,025 |
1872 | 74,286 | 40,593 |
1954 | 38,926 | 21,271 |
1962 | 36,543 | 20,013 |
1968 | 32,332 | 17,706 |
1975 | 22,793 | 12,482 |
1982 | 18,509 | 10,136 |
1990 | 18,360 | 10,055 |
1999 | 16,888 | 9,249 |
2005 | 17,700 | 9,693 |
¹Округот бил создаден во 1860 така што нема број на население пред 1861.
Квартови
уредиСекој од 20 париски окрузи е поделен на 4 кварта (quartiers ). Табелата долу ги покажува квартовите на I округ. бројки од пописот во 1999
Кварт | Население | Површина (in км2) |
Density (inh. per км2) |
---|---|---|---|
Кварт Сен-Жермен-Локсероа | 1,670 | 0.871 | 1,917 |
Кварт Ле Ал | 8 980 | 0.412 | 21,796 |
Кварт Пале-Ројал | 3,190 | 0.279 | 11,434 |
Кварт Плоштад Вандом | 3,040 | 0.270 | 11,259 |
Стопанство
уредиФранцуската канцеларија на Korean Air се наоѓа во 1-от округ.[1]
Порано, главната канцеларија на Air Inter се наоѓала во овој округ.[2]
Образование
уредиВо првиот округ постојат две градинки (écoles maternelles), 2 основни училишта (écoles élémentaires), едно средно училиште (collège), и една гимназија (lycée).[3]
Државните градинки се École Maternelle Auxerrois и École Maternelle Sourdiere.[3] Државните школи се École Élémentaire Arbre Sec и École Élémentaire D'Argenteuil.[3][4] Средното училиште Collège Jean-Baptiste Poquelin е единственото државно средно училиште во округот.[5] А гимназијата Lycée Professionnel Commercial Pierre Lescot е единствената државна гимназија во округот.[6] Приватни основни и средни образовни институции се: École Élémentaire Privée Notre-Dame-Saint-Roch, École du 2nd Degré Professionnel Privée Pigier, и École Technologique Privée de Dessin Technique et Artistique Sornas.[3]
Мапа
уредиПозначајни места
уреди- Триумфалната порта Карузел, на источниот крај на Историската оска
- Седиштето на Банката на Франција
- Комеди-Франсез
- Историското седиште на Crédit Foncier de France
- Лувр
- Градината Тилери
- Les Arts Décoratifs
- Ле Ал
- Музеј Гревен
- Пале-Ројал
- Рамбује
- Хотел Риц во Париз
- Ла Самаритен
Мостови
уредиУлици и плоштади
уреди- Авенија на Операта (делумно)
- Риволи (делумно)
- Плоштадот Вандом и столбот
Наводи
уреди- ↑ "Aperçu / Info de Contact." Korean Air. Посетено на 30 August 2011. "Sièges en Europe 9 boulevard de la Madeleine 75001 Paris France"
- ↑ "Direction des Bases Aeriennes Архивирано на 20 јули 2011 г.." Direction Générale de l'Aviation Civile. March 1975. 22/28. Посетено на 26 June 2010.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 "Rechercher un établissement Архивирано на 4 декември 2011 г.." Académie Paris. Посетено на 25 October 2011.
- ↑ "Les mentions légales :." École Élémentaire Arbre Sec. 14 February 2008. Посетено на 15 October 2011. "Adresse postale : École Arbre sec 19,rue de l'Arbre sec 75001 Paris"
- ↑ "Accueil Архивирано на 7 ноември 2011 г.." Collège Jean-Baptiste Poquelin Посетено на 25 October 2011. "6, rue Molière - 75001 PARIS"
- ↑ "Contact Архивирано на 23 октомври 2011 г.." Lycée Professionnel Commercial Pierre Lescot. Посетено на 25 October 2011. "35 Rue des Bourdonnais, 75001 PARIS"
Надворешни врски
уреди„I округ (Париз)“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за 1st arrondissement.