Сан Хуан (покраина во Аргентина)
Сан Хуан (шпански: San Juan) е покраина во Аргентина, сместена во западниот дел на земјата. Се граничи со Ла Риоха, Сан Луис и Мендоса и со Чиле на запад.
| |
Главен град | Сан Хуан |
Површина | 89,651 km² |
Население | 620,023 (2001) |
Густина | 6.92/km² |
Гувернер | Хосе Луис Гиоха (2003-2007) |
Демоним | Санхуанец (Sanjuanino) |
ISO 3166-2 | AR-J |
Географија и клима
уредиПокраината е дел од континенталната полупустина Кујо. Бидејќи се наоѓа на Андите, таа е претежно планинска земја. врнежите ги има претежно во лето и се одликува со јаки бури.
Стопанство
уредиТрадиционално економијата е заснована на земјоделството, посебно винарството.
Се одгледува и домати, пченка, компир, смоква, праска и др.
Присутна е и текстилната индустрија и производството на конзерви, а од рударството се копа злато и олово и глина.
Административна поделба
уредиПокраината е поделена на 19 департмани (departamentos).
Туризам
уредиПокраината изобилува со атракции. Почнувајќи од Андите каке била присутна цивилизацијата на Инките, до националните паркови како Ischigualasto Provincial Park. Своевидна атракција се и многуте предели како Valle Fértil. Има и водни спортови, бањи голем број на археолошки локалите и музеи.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Official page (Spanish)
- Tourist office Архивирано на 31 мај 2011 г. (Spanish)
- Universidad Nacional de San Juan (Spanish)
- Diario de Cuyo (Newspaper - Spanish)
- San Juan Tourist Guide (English - Spanish - German)
- San Juan Events Guide Архивирано на 20 јули 2009 г. (Spanish)
- CuyoNoticias (digital newspaper - Spanish-English)
„Сан Хуан (покраина во Аргентина)“ на Ризницата ? |