Нојцеле (германски: Neuzelle, долнолужички: Nowa Cala, полски: Sławin) — општина во округот Одра-Шпре, во Бранденбург, Германија, административно седиште на истоимената општинска заедница. Најмногу е познат по неговата цистерцијанска опатија и неговата пиварница.

Нојцеле
Пиварницата Нојцеле (лево) и опатиската црква
Пиварницата Нојцеле (лево) и опатиската црква
Пиварницата Нојцеле (лево) и опатиската црква
Грб на Нојцеле
Нојцеле во рамките на Германија
Нојцеле
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Одра-Шпре
Месна заед. Нојцеле
Месни единици 11
Градоначалник Дитмар Беслер (СлДП)
Основни податоци
Површина 135,00 км2
Надм. височина 43 м
Население 4.232 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 31 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LOS
Пошт. бр. 15898
Повик. бр. 033652
Портал www.neuzelle.de
Местоположба на Нојцеле во рамките на округот Одра-Шпре
Карта
Карта
Координати 52°04′59″N 14°37′59″E / 52.08306° СГШ; 14.63306° ИГД / 52.08306; 14.63306

Географија

уреди

Нојцеле се наоѓа во северниот дел на историската област Долна Лужица, близу границата со Полска, околу 8 километри јужно од Ајзенхитенштат. Низ општината поминува реката Дорхе, притока на реката Одра. Од 2001 се состои од селата Баро, Бомсдорф, Гелен, Хенцендорф, Кобелн, Мебискрупе, Осендорф, Шверцко, Штајнсдорф, Штрајхвиц и Трепелн. На запад се протега природниот парк Долина Шлаубе.

Историја

уреди

Опатијата била основана како Нова Цела на 12 октомври 1268 од ветинскиот маркгроф Хајнрих Трети во сеќавање на неговата почината сопруга Агнес од Бохемија. Хајнрих го припоил појасот земја од поранешната Лебус до Фирстенберг (денешен Ајзенхитенштат) од шлескиот војвода Болеслав II за возврат на негово посредување во конфликтот со неговиот брат Хајнрих Трети Белиот.

Нојцеле бил подружен манастир на цистерцијанската Опатија Алтцела (Cella) близу Носен. Првиот манастир започнал со работа во 1281. Од околу 1300, манастирскиот комплекс бил дограден, вклучувајќи готска црква, која подоцна станала духовен центар на областа. Монасите добиле големи поседи, до Фирстенберг на север и Шидлов на исток.

Во 1367, Нојцеле со Долна Лужица припаднале на луксембуршкиот император Карло Четврти во својство како крал на Бохемија. Манастирот бил уништен во текот на Хуситските војни во 1429, а монасите биле убиени или киднапирани. Подоцна обновен, манастирот и неговите проширени поседи станале дел од Хабсбуршката монархија во 1526. Останал католички во текот на протестантската Реформација, иако подоцна лутеранското Изборно кнежевство Саксонија ја припоила Лужица. Тешко оштетен во Триесетгодишната војна, црквата била повторно изградена во барокен стил, вклучувајќи богати внатрешни украси, уникатни за Северна Германија.

По Виенскиот конгрес во 1815, Долна Лужица потпаднала под Прусија и била припоена кон покраината Бранденбург. Опатијата била конечно секуларизирана од кралот Фридрих Вилхелм Трети две години подоцна. Подоцна, градбите биле користени како институции за сираци и учители. Иако парохиската црква во Нојцеле станала протестантска, опатиската црква останала католичка и во 1947 била осветена како Богородица. Денес манастирскиот комплекс е во сопственост на државна покраинска фондација.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)