Нојхарлингерзил
Нојхарлингерзил (германски: Neuharlingersiel; долногермански: Neeharlingersiel) — општина во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Нојхарлингерзил | |
Пристаништето во местото | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Витмунд |
Општ. заед. | Езенс |
Месни единици | 4 |
Градоначалник | Јирген Петерс |
Основни податоци | |
Површина | 24,55 км2 |
Надм. височина | 1 м |
Население | 1.093 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 45 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WTM |
Пошт. бр. | 26427 |
Повик. бр. | 04974 |
Портал | www.neuharlingersiel.de |
Местоположба на Нојхарлингерзил во рамките на округот Витмунд | |
Координати | 53°42′0″N 7°42′0″E / 53.70000° СГШ; 7.70000° ИГД |
Местото Нојхарлингерзил претставува морска бања од 1979 година, а од 1996 година е прогласено за покраинско здравствено одморалиште. Местата Алтхарлингерзил и Остбензе претставуваат крајбрежни бањски места од 1985 година.[2] Пристаништето во Нојхарлингерзил е пристаниште за источнофризискиот остров Шпикерог.
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината се наоѓа во областа Харлингерланд во Источна Фризија на брегот на Северното Море. Долж крајбрежјето се протега националниот парк Долносаксонско Ваденско Море, кој од 2009 година претставува светско културно наследство.
Соседни општини
уредиОпштината Нојхарлингерзил на исток се граничи со Каролинензил, дел од градот Витмунд, на југоисток со општината Вердум, на југ со општината Штедесдорф и на југозапад со градот Езенс. На север се наоѓаат источнофризиските острови Лангеог и Шпикерог.
Општински единици
уредиОпштината Нојхарлингерзил се состои од местата:[3]
- Алтхарлингерзил
- Нојхарлингерзил
- Остбензе
- Зерим
Галерија
уреди-
Шеталиштето
-
Воздушен поглед на Нојхарлингерзил
-
Зилхоф
-
Ветерница Зерим
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Gemeinde Neuharlingersiel: Chronik, abgerufen am 13. April 2014
- ↑ Neuharlingersiel: Informationen über die Gemeinde Neuharlingersiel, abgerufen am 13. April 2014
Надворешни врски
уреди- Нојхарлингерзил на Ризницата ?