Лангеог
Лангеог (германски: Langeoog; долногермански: Langeoog; буквално означува „долг остров“) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Балтрум (запад) и Шпикерог (исток).
Лангеог | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Витмунд |
Градоначалник | Хајке Хорн (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 19,67 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 1.747 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 89 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WTM |
Пошт. бр. | 26465 |
Повик. бр. | 04972 |
Портал | www.langeoog.de |
Местоположба на Лангеог во рамките на округот Витмунд | |
Координати | 53°44′54″N 7°28′47″E / 53.74833° СГШ; 7.47972° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиЛангеог припаѓа на Источнофризиските Острови пред брегот на Источна Фризија. Делови од островот и Ваденското Море околу островот влегуваат во рамки на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Соседни острови се, одвоени со морски гат („морски проток“) Оцумер Балје, Хулбалје и Шилбалје, Шпикерог на исток и Балтрум на запад, одвоен од Акумер Ее. Оддалеченоста од најјужниот 'рт на островот до копното е четири километри.
Површина
уредиЛангеог има површина од околу 20 квадратни километри и околу 14 километри долги песочни плажи. Долж плажата има дини со височина до 20 метри. Меѓу Источнофризиските Острови, Лангеог е единствениот кој опстојува без заштитни структури на крајбрежјето.[2]
Клима
уредиНа островот Лангеог владее морска клима со слаби зими и свежи лета. Просечната годишна температура изнесува 8,8 °C. Просечната месечна температура се движи од 1,1 °C во февруари до 16,4 °C во август. Просечно има околу седум дена со температури над 25-°C. Просечни наврнува 680 мм воден талог, при што август е највлажен месец. Најмалку врнежи има во март.
Заштита на островот
уредиНа морската страна на Лангеог се наоѓаат природни дини, кои служат како заштита на островот од силите на Северното Море. Дините се долги над 20 километри, почнувајќи на југозапад кај Флинтхерн и завршуваат на исток на островот кај Остерхок. Не постојат други заштитни градби. Во 2018 година, покраината Долна Саксонија преку својата агенција за управување со водата, крајбрежјето и природата ги зајакнала дините со уште 200.000 кубни метри песок.[3]
Историја
уредиВо 1717 година, Лангеог бил поделен на три дела од плимната бура што се случила на Божиќ.
Сообраќај
уредиДо Лангеог може да се стигне преку пристаништето Бензерзил на копното со редовни фериботи. Фериботите на Лангеог не зависат од плимата, што е необично за Источнофризиските Остров.
Пристаништето и градот се поврзани со железнија, а Лангеог поседува и аеродром.
На Лангеог главно не се дозволени моторни возила. Посетителите на островот мораат да ги остават своите автомобили на копното. Само противпожарната бригада и амбулантните возила се стандардни моторни возила. Тракторите и тешките возила може да се управуваат со ограничувања. Полицајците и докторите се на велосипеди. Некои претпријатија имаат електрични возила. Истовремено, постои запрежно такси на коњи.
Туризам
уредиТуризмот е главен извор на приходи за стопанството на Лангеог. Постојат соби за изнајмување во скоро секоја градба на островот, како и повеќе хотели, додека младинскиот хостел е неколку километри надвор од градот.
Незагадениот воздух на островот го прави омилен за луѓето што имаат респираторни проблеми.
Знаменитости
уреди- Водокула
- Камбанарија на католичката црква
- Камбанарија на протестантската црква
- Мелкхерндине (Melkhörndüne), некогаш највисока природна точка во Источна Фризија, која поради илјадниците посетители секоја година загубила дел од песокот и повеќе не е највисока точка.
- Кула за набљудување
Галерија
уреди-
Камбанаријата на протестантската црква
-
Католичката црква
-
Општинското собрание
-
Водокулата
-
Пешачката зона
-
Островската железничка станица
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ . Wiesbaden: VDM Verlag Dr. Müller. стр. 1 ff. ISBN 978-3-8364-7600-3. Занемарен непознатиот параметар
|Title=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|Date=
(се препорачува|date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|Author=
(се препорачува|author=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ Pressemitteilung des NLWKN vom 30. Mai 2018 (Webseite des NLWKN), abgerufen am 14. Juni 2018.
Надворешни врски
уреди- Лангеог на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
- Ферибот Лангеог (германски)