Нов Продром (грчки: Νέος Πρόδρομος, Неос Продромос) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Нов Продром
Νέος Πρόδρομος
Нов Продром is located in Грција
Нов Продром
Нов Продром
Местоположба во областа
Нов Продром во рамките на Гида (општина)
Нов Продром
Местоположба на Нов Продром во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 22°24′E / 40.550° СГШ; 22.400° ИГД / 40.550; 22.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаМелик
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно181
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Бер, на надморска височина од 30 метри.[2] Сместено е околу 4 километри источно од старата населба Продром и исто толку североисточно од Мелик.

Сместено е во областа Урумлак, во непосредна близина на десниот брег на реката Красопулис, пред нејзиното влевање во Бистрица.

Историја

уреди

Селото е наполно ново, создадено е по 1924 година кога во него биле сместени исклучително грчки доселенички семејства.[2] Населбата била изградена во близина на селото Продром. Во неа биле сместени 49 грчки доселенички семејства од Понд и Кавказ, со вкупно 160 жители.[3]

Стопанство

уреди

Основни производи на селото, како и на целата област, се памукот, шеќерната репка и пченицата.[2]

Население

уреди

Првично, во селото биле сместени 49 грчки доселенички семејства со вкупно 160 жители, колку што броело селото во 1928 година. Благодарение на убавата местоположба и плодните обработливи површини, Нов Продром покажувал постојан пораст. Во 1940 година било забележано со 202, во 1951 година со 270, во 1961 година со 269, во 1971 година со 268, во 1981 година со 235, а во 1991 година со 222 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 203 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 181 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 202 270 269 268 235 222 203 181
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Мелик со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Продром, во кој покрај Нов Продром, влегуваат и селата Киркасии и Продром.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 23.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.