Киркасии (грчки: Αγία Τριάδα, Агија Тријада; книжевно: Αγία Τριάς, Агија Тријас, до 1953 година: Κιρκάσιοι, Киркасии[2]) — новосоздадено село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Киркасии
Αγία Τριάδα
Киркасии is located in Грција
Киркасии
Киркасии
Местоположба во областа
Киркасии во рамките на Гида (општина)
Киркасии
Местоположба на Киркасии во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°33′N 22°26′E / 40.550° СГШ; 22.433° ИГД / 40.550; 22.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаМелик
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно279
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на дваесетина километри источно од градот Бер, меѓу селата Продром и Трихлево, на надморска височина од 15 метри.[3]

Сместено е во областа Урумлак, на три километри источно од реката Бистрица.

Историја

уреди

Киркасии претставува нова бегалска населба, која била создадена во атарот на селото Продром по 1923 година.[3]

По завршувањето на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција, во 1953 година, името на селото било преименувано во Агија Тријада (Αγία Τριάδα).

Потекло и значење на името

уреди

Бидејќи бегалското население во селото кое и ја создало населбата му припаѓало на племето Киргизи, веројатно е дека селото го добило името од овој етноним.

Стопанство

уреди

Земјата е многу плодна и се наводнува. Населението се занимава со земјоделство, произведува многу памук, шеќерна репка, пченица и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со краварство.[3]

Население

уреди

Населбата првпат е спомената во пописот од 1928 година, кога биле попишани 165 жители, а во 1940 година поради добрите услови (плодната земја) се зголемило на 322 жители. Во 1951 година имало 392, во 1961 година 465, во 1971 година 447, во 1981 година 436, во 1991 година 387 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 332 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 279 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 322 392 465 447 436 387 332 279
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Мелик со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Продром, во кој покрај Киркасии влегуваат и селата Продром и Ново Продром.

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιρκάσιοι -- Αγία Τριάς
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13–14.