Нова Каликратија
Нова Каликратија (грчки: Νέα Καλλικράτεια, Неја Каликратија) — гратче во Касандриско, Егејска Македонија, денес во општината Нова Пропонтида на Халкидичкиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 7.238 жители (2011). Основано е од грчки дојденци во 1920-тите.
Нова Каликратија Νέα Καλλικράτεια | |
---|---|
Поглед на Нова Каликратија | |
Координати: 40°18.50′N 23°3.48′E / 40.30833° СГШ; 23.05800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Нова Пропонтида |
Општ. единица | Каликратија |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 7.238 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 63080 |
Повик. бр. | 23990 |
Мреж. место | kallikrateia.gr |
Географија
уредиГратчето е сместено во западниот дел на Халкидичкиот Полуостров, на брегот на Солунскиот Залив
Историја
уредиВо подрачјето на гратчето е откриена населба од праисториско време. Местото уживало просперитет во македонската држава, за што сведочи Новокаликратиската надгробна стела. Стелата датира од 440 г. п.н.е. и денес е изложена во Солунскиот археолошки музеј како најстариот и најважниот древномакедонски релјеф.[2]
Во византиско време на местото на Нова Каликратија било подрачје со земјоделски поседи под името Стомио кои му припаѓале на манастирот Ксенофонт.[2]
На 1 км северозападно е византиската црква „Св. Трифун“.[3][4]
Нова Каликратија е основана во 1922 г. од грчки дојденци од источнотракиското гратче Каликратија, кое денес го носи името Мимарсинан и е предградие на Истанбул.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 6.204 | 7.238 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Chalkidiki and Mount Athos. Athens: Michael Toubis Publications SA. 2006. стр. 52. ISBN 960-540694-4 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ „ΠΑΡΟΥΣΙΑΣΗ ΚΑΛΛΙΚΡΑΤΕΙΑΣ“. Kallikrateia.gr. Архивирано од изворникот на 2017-09-19. Посетено на 18 декември 2014.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/Φ35/24685/512/17-5-1985 - ΦΕΚ 348/Β/31-5-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-02-16. Посетено на 18 декември 2014.
Надворешни врски
уреди- Портал на Каликратија (англиски) (грчки)