Нигослав

село во Нигритско, Егејска Македонија

Нигослав (грчки: Νικόκλεια, Никоклија, до 1926 г. Νικοσλάβη, Никослави[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Дел од Македонците биле погрчени, поради што во некои извори ги претставуваат како Грци.

Нигослав
Νικόκλεια
Нигослав is located in Грција
Нигослав
Нигослав
Местоположба во областа
Нигослав во рамките на Визалтија (општина)
Нигослав
Местоположба на Нигослав во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°55.58′N 23°25.40′E / 40.92633° СГШ; 23.42333° ИГД / 40.92633; 23.42333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаВизалтија
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно470
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Нигрита.

Историја уреди

Антика и средновековие уреди

На 4 км југозападно од Нигослав, на Богданска Планина се наоѓа античката и средновековна тврдина Хисар (Исар), која може да е античкиот град Алор.[3]

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX и почетокот на XX век Нигослав било село во Серската каза. Во 1835 г. е изградена црквата „Св. Димитриј“.[4]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нигослав (Nigoslav) има 60 домакинства с 128 жители „Грци“ и 40 муслимани.[5] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Нигослав:

Нигослав е мешано село; една црква, една џамија; христијаните се Грци, муслиманите — Турци Коњари; оддалечен на 2 часа од Нигрита.[6]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Негослав, населено от турци и гърци, 4 часа на ЮЗ от Сяр, 1 час от Чупришта. Патот е рамен и добар лете; зиме не чини. Негослав е сместен во пазувите на планината; ги произведува сите лебни растенија и секакви овоштија, кои се распродаваат по Сер и Солун. Грчка црква; 20 куќи Турци; 25 Грци и 20 Македонци.[7][8]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Њагослав имал 130 Македонци христијани, 120 Турци и 200 Грци.[9]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Никослав (Nikoslav) живееле 425 „Грци“.[10]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 459 жители, а во 1920 г. тие пораснале на 554 лица.[11] Во 1926 г. селото е преименувано во Никоклија. Во 1923 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место во се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Нигослав е претставен како мешано мештанско-дојденско село со вкупно 839 жители, од кои 84 дојденци (20 семејства), а останатите староседелци.[12]

Месности во Нигослав преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Саиш[13] Σάης Пидима Πήδημα[14] возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Нигослав (515 м)[13]
Коџа Каран[13] Κοτζά Καράνι Дохион Δοχεΐον[14] возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Нигослав[13]
Була[13] Μπούλα Пигес Πηγές[14] возвишение на Богданска Планина на Ј од Нигослав (238,6 м)[13]
Баракова[13] Μπαράκοβα,[15] Μπράκοβα Пардалон Παρδαλλόν[14] возвишение на Богданска Планина на ЈЈЗ од Нигослав[13]
Бекератика[13] Μπεκεράθηκα Амбелонес Άμπελώνες[14] месност на ЈИ од Нигослав и на СЗ од Черпишта[13]
Кара Таш[13] Καρά Τάς Маври Петра Μαύρη Πέτρα[14] возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Нигослав (776,3 м)[13]
Чиплаци[13] Τσιπλάκια Гимни Корифи Γυμνή Κορυφή[14] возвишение на Богданска Планина на З од Нигослав[13]
Харијат[13] Χαριάτ Портес Πόρτες[14] возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Нигослав (414 м)[13]
Љаска[13] Λιάσκα Фундукија Φουντουκιά[14] возвишение на Богданска Планина на ЈЈЗ од Нигослав (356 м)[13]
Чучура[13] Τσούτσουρας Ризомата Ριζώματα[14] месност на ЈЗ од Нигослав[13]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.024 927 1.167 1.293 1.053 611 816 737 470
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Παλιόκαστρο Νικόκλειας ή Παλιόκαστρο Ισάρ“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 27 февруари 2024.
  4. „Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 2 ноември 2014.[мртва врска]
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
  7. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  8. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 841.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  11. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 239–240. ISBN 9989-9819-6-5.
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  13. 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 13,12 13,13 13,14 13,15 13,16 13,17 13,18 13,19 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  14. 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  15. Λιθοξόου, Δημήτρη. „Μετονομασίες θέσεων (μικροτοπωνυμίων)“. Δημήτρης Λιθοξόου.