Нечкински национален парк
Нечкинскиот национален парк ( руски: Нечкинский национальный парк) е еден од Националните паркови во Русија и важен биолошко-културен резерват на Република Удмуртија. Сместен е во централниот дел на долината на реката Кама, нејзините притоки реката Сива и крајбрежниот дел на Воткинското вештачко езеро. Нечкискиот национален парк се наоѓа на западната страна на Урал.[1] Територијата на националниот парк е претежно пошумена, со голем број плавни земјишта и голем број археолошки места. Паркот се наоѓа во близина на градовите Ижевск и Воткинск, зафаќа површина од 207,52 км2, а основан е на 16 октомври 1997 година.
Нечкински национален парк | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Нечкински национален парк | |
Место | Удмуртија Русија |
Најблизок град | Ижевск и Воткинск |
Површина | 207 52 км2 |
Воспоставен(а) | 16. октомври 1997 година |
Управно тело | Федерално-државна инситуција Нечкински национален парк |
Топографија
уредиПаркот ја покрива пошумената долина на сливот на реката Сива, притока на Кама. Долината е длабока околу 110-160 метри и ширина 3-20 км. Асиметрична е, бидејќи левиот брег е рамен, а десниот брег е стрмен, каде што се протегаат ридовите.[2]
Клима и екологија
уредиВо Нечкинскиот националниот парк преовладува умереноконтинентална клима, а постои голема разлика помеѓу зимските и летните температури. Зимите се долги и студени, а летата кратки и врнежливи. Просечните температури се движат од -12 °C во јануари до 18 °C во јули. Годишните врнежи во просек се 508 мм.[3]
Екорегијата на националниот парк ги вклучува Сарматичките мешани шуми, а има и голем број езера и мочуришта од Балтичкото Море, источно од Урал. Шумската област вклучува и иглолисни и листопадни дрвја, со големо подрачје на земјоделско земјиште.[4][5]
Флора и фауна
уредиШумските подрачја вклучуваат бореални четиринарски шуми, мешани и степски шуми. Олиготрофните и мезотрофните ридови се наоѓаат на помала надморска височина. [2] Сибирската смрча расте околу езерото и мртвиците. На левиот и десниот брег на реката Сива растат борови шуми, Abies pindrow и Larix sibirica. Даб, јасика и бреза растат во долните делови на националниот парк.[5] Во рамките на националниот парк има 712 видови васкуларни растенија, што претставува 70% од сите видови на Република Удмуртија.
Со пописот на животински видови во паркот во 2002 година евидентирани се 50 видови цицачи, 191 вид птици, 5 видови влекачи, 8 видови водоземци и 37 видови риби. Извршени се специјални студии и пописи на мекотели од кои има 33 видови, пајаци (120 видови), тврдокрилци (600 видови) и 500 видови пеперутки.[5] Ретки видови вклучуваат сибирски воден крт, кој е исто така загрозен вид.
Историја
уредиВо паркот се пронајдени остатоци од рани населби на стари ловци и рибари од 3—2 милениум п.н.е.[6] Најраните археолошки наоѓалишта што можат да се идентификуваат се остатоци од утврдени населби од железно време од првиот милениум п.н.е., кои се поврзани со Ананинската култура.[7]
Туризам
уредиВо рамките на Нечкинскиот националниот парк, постојат неколку образовни програми кои се занимаваат со еколошки теми поврзани со паркот. Вработените во паркот се исто така достапни како водичи низ паркот.[8] Најдолгата патека наречена Драги предци во паркот е долга 25 km и има четири одморалишта долж рутата, две палуби за набудување и премини по старите патеки што ги кориселе месното население. Во рамките на паркот има две плажи за пливање на реката Кама и две скијачки патеки.
Галерија
уредиКористена литература
уреди- ↑ „Official Site: Nechkinsky National Park“. FGBU National Park Nechkinsky.
- ↑ 2,0 2,1 „Nechkinsky National Park“. Protected Areas Russia.
- ↑ „Climate Data, Izhevsk“. world-climates.com. Архивирано од изворникот на 25 декември 2015. Посетено на 5 април 2018.
- ↑ „Sarmatic Mixed Forests“. globalspecies.org. Архивирано од изворникот на 9 ноември 2017. Посетено на 5 април 2018.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Nechkinsky - Landscapes (in Russian)“ (руски). Official site of National Park Nechkinsky. Посетено на 15 февруари 2018.
- ↑ „Nechkinsky - History (in Russian)“ (руски). Official site of National Park Nechkinsky. Посетено на 15 февруари 2018.
- ↑ Perevozchikova, SA; Chernykh, EM (2015). „UST'-NECHKINSKIY FORTIFIED SETTLEMENTS IN THE MIDDLE KAMA REGION DURING THE ANANYINO CULTURE (TOPOGRAPHY, LAYOUT, INVENTORY)“. The Volga Region Archaeology Scientific Journal. Посетено на 22 декември 2015.
- ↑ „Nechkinsky - Tourist Routes (in Russian)“ (руски). Official site of National Park Nechkinsky. Посетено на 15 февруари 2018.