Непростено (филм од 1992)

Американски вестерн филм од 1992 година, во режија на Клинт Иствуд
(Пренасочено од Непомирливите)

Непростено (англиски: Unforgiven) - американски филм од 1992 година, во режија на Клинт Иствуд, според сценариото на Дејвид Веб Пиплс. Главните улоги ги играат: Клинт Иствуд, Џин Хекман, Морган Фримен, Ричард Харис, Џејмз Вулвет, Саул Рубинек. Во 1993 година, филмот освоил четири награди „Оскар“, и тоа: за најдобар филм, за најдобра машка споредна улога, за најдобар режисер и за најдобра монтажа. Покрај тоа, филмот бил номиниран за „Оскар“ уште во пет категории, а истата година освоил и две награди „Златен глобус“ и една награда „БАФТА“. Вкупно, филмот освоил 48 награди и имал уште 45 номинации, а во 2004 година бил внесен во Националниот филмски регистер на САД.[2]

„Непростено“
Податотека:Непростено - плакат.jpg
Филмскиот плакат
РежисерКлинт Иствуд
ПродуцентКлинт Иствуд
СценаристДејвид Пиплс
Главни улогиКлинт Иствуд
Џин Хакмен
Морган Фримен
Ричард Харис
МузикаЛени Нихоус
КинематографијаЏек Грин
МонтажаЏоел Кокс
Студио„Malpaso Productions“
ДистрибутерWarner Bros.
Премиера7 август, 1992
Времетраење131 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$14,4 милиони[1]
Бруто заработка$159.157.447

Синопсис

уреди

Дејството на филмот се одвива во малиот град на Дивиот Запад, Биг Виски, во кој шерифот Литл Бил Дагет (го игра Хекман) се мачи да заведе ред и мир. Притоа, тој има издадено наредба сите посетители во градот задолжително да го предадат оружјето. Еднаш, двајца каубои ѝ нанесуваат сериозни повреди на една проститутка, но шерифот ги ослободува виновниците, одредувајќи им казна која проститутките ја сметаат за многу блага. Поради тоа, тие распишуваат награда ако некој ги убие престапниците. Примамен од наградата, момчето кое себеси се нарекува „Скофилд Кид“ (го игра Вулвет) го повикува поранешниот озлогласен револвераш Вилијам Мани (го игра Иствуд) да му се придружи во ловот на двајцата каубои. По смртта на сопругата, Мани живее повлечено на својата фарма, трудејќи се да ги прехрани своите две деца. Сакајќи да се откине од сиромаштијата, тој прифаќа да се врати на својот стар занает и со зебе го зема и својот стар ортак Нед Логан (го игра Морган). Така, тројцата одат во Биг Виски, барајќи ги престапниците, а додека патуваат кон целта, Мани и Логан откриваат дека „Скофилд Кид“ е обичен фалбаџија и кратковид. Во меѓувреме, во Биг Виски пристигнува револверашот Англичанецот Боб (го игра Харис) кого го придружува неговиот биограф Бејшамп (го игра Рубинек). Кога Англичанецот Боб ќе одбие да го предаде оружјето, шерифот брутално го претепува, а потоа го затвора. Во затворот, тој му ја открива вистината на Бејшамп: дека „храбрите“ дела на Англичанецот Боб се обична лага и дека тој е плашливец. Мани, Логан и „Скофилд Кид“ доаѓаат во градот при што шерифот го претепува Мани, кој одредено време се крие во близината на градот, закрепнувајќи од повредите. Тогаш, тие ги пронаоѓаат двајцата каубои и Мани безмилсоно го убива едниот од нив. Згрозен од тоа, Логан ги напушта, но каубоите го заробуваат, а потоа, шерифот го измачува со цел да го принуди да ги предаде другарите. Кога ќе слушне дека Логан умрел од измачувањето, Мани и „Скофилд Кид“ го убиваат и другиот каубој, а потоа Мани се враќа во градот, каде ги убива шерифот и неговите соработници. Сето тоа го набљудува новинарот Бејшамп, кој е воодушевен од вештината и храброста на Мани.[3]

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи

уреди

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>