Неохори (Серско)

село во Валовишко, Егејска Македонија

Неохори (грчки: Νεοχώρι) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 418 жители (2021).

Неохори
Νεοχώρι
Неохори is located in Грција
Неохори
Неохори
Местоположба во областа
Неохори во рамките на Синтика (општина)
Неохори
Местоположба на Неохори во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°16′N 23°5′E / 41.267° СГШ; 23.083° ИГД / 41.267; 23.083
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно418
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во подножјето на планината Беласица, западно од Валовишта и Мандраџик, на надморска височина од 90 м.[2]

Историја

уреди

Основано е по Граѓанската војна (1946 - 1949) од жителите на селата Липош и Тодорич. За прв пат се споменува како населба во пописот од 1951 г. со 498 жители. Во 1961 г. Неохори се води со 731, во 1971 г. со 587, во 1981 со 499, а во 1991 г. со 752 жители.[2]

Жителите на селото ги задржуваат своите имоти во старите села и сѐ уште ги користат.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 498 731 587 499 752 684 499 418
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1960-тите, селото станало самостојна општина.[2] Општината Неохори била приклучена во општината Беласица во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Неохори, во кој е единствено село.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 255.