Мегалодон
Megalodon Период: Late Oligocene-Early Pleistocene | |
---|---|
Model of the jaws of the megalodon at the American Museum of Natural History. | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Потколено: | Vertebrata |
Класа: | Chondrichthyes |
Поткласа: | Elasmobranchii |
Ред: | Lamniformes |
Семејство: | Disputed; Lamnidae or †Otodontidae |
Род: | Disputed; Carcharodon or †Carcharocles |
Вид: | †C. megalodon |
Научен назив | |
Disputed; Carcharodon megalodon or Carcharocles megalodon For Carcharodon megalodon, Agassiz, 1843 | |
Синоними | |
|
Мегалодон (од грч. - „голем заб“) — изумрена ајкула што постоела во праисторијата, од олигоценот до епохата плеистоцен, пред околу 25 до 1,5 милиони години.
Мегалодон бил врвен грабливец на своето време, а можеби и најголемиот и најмоќниот макрограбливец риба која некогаш живеела. Фосилните остатоци на Мегалодон укажуваат дека тоа се приближуваше на вкупна должина од максимум 20.3 метри (67 стапки). Мегалодон се смета за припадник на редот Lamniformes но неговата филогенија е спорна. Научниците сугерираат дека Megalodon изгледал како поголема верзија на голема бела ајкула, Carcharodon carcharias. Фосилни докази потврдуваат дека Megalodon имал космополитскa дистрибуција.
Пронајдоци
уредиЗаб на ајкула
уредиСпоред ренесансни извори, џиновски, триаголни фосилни заби биле често наоѓани во карпести формации за кои тогаш се верувало дека се скаменети јазици, или заб од ајкула, на змејови и змии. Ова толкување било поправено во 1667 од страна на данскиот природонаучник,Николас Стено, кој посочил дека тоа се заби на античка ајкула (и славно создал скица од глава на ајкулите кои имале вакви заби). Тој ја споменал неговите наоди во книгата , The Head of a Shark Dissected, која исто така содржела илустрација на заб од Мегалодон, претходно сметан за скаменет јазик.
Идентификација
уредиШвајцарскиот биолог, Луј Агасиз, го даде научното име на оваа ајкула, Carcharodon Megalodon, во 1835 година, во својата истражувачк дело Recherches sur les poissons fossiles, кое го завршил во 1843 година. Забите на Мегалодон се морфолошки слични на забите на големата бела ајкула. Врз основа на ова согледување, Агасиз го доделил родот Carcharodon на мегалодон. Додека научно име е Мегалодон, често неформално се нарекува ајкула со огромни заби или гигантска бела ајкула pа дури и чудовиште ајкула.
Фосили
уредиКако и кај сите други ајкули, скелетот на мегалодон бил формиран од 'рскавица наместо коски, ова резултирало со претежно слабо зачувани фосилни примероци.
Фосилни заби
уредиНајчестите фосили на Мегалодон се неговите заби, кои се морфолошки слични со забите на големата бела ајкула, но се поцврсти и посразмерно назабени. Забите на Мегалодон може да изнесуваат повеќе од 180 милиметри (7,1 инчи) во висина или дијагонала, и се најголеми од сите познати видови ајкула.
Фосилни пршлени
уредиНекои делумно зачувани фосилни пршлени на Мегалодон , исто така, се пронајдени. Најзначајниот пример е делумно зачуван, но поврзан рбетен столб од примерок на Мегалодон ископан во Белгија во 1926 година. Овој примерок се состои од 150 рбетни пршлени, со најголем пршлен од 155 милиметри во пречник. Сепак, ’рбетниот пршлен на Мегалодон може да биде над 225 милиметри во пречник, и најверојатно е најголемиот од сите познати видови ајкула.
Фосилнa дистрибуција
уредиFосилите на Мегалодон биле ископувани во многу делови од светот, вклучувајќи ги Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Порторико, Куба, Јамајка, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Африка, Малта, Гренадините и Индија. Забите на Мегалодон, исто така, се ископувани и во региони далеку од континенталните подрачја (т.е. Маријанскиот Ров во Тихиот Океан).
Најраните пријавени остатоци од Мегалодон се од крајот на доцната Oligocene, односно пред околу 25 милиони години. Иако фосили на Мегалодон се отсутни во слоевите кои се протегаат надвор од границите на терциерната граница , тие биле пријавени и од слоеви на плеистоценот. Се верува дека Мегалодон изумрел во плеистоцен, веројатно пред околу 1,5 милиони години.
Физичка анатомија
уредиМеѓу преживеани видови, големата бела ајкула се смета за аналогна на Мегалодон. Недостатокот на добро зачувани скелети од фосилни остатоци на Мегалодон ги принудува научниците да се потпираат на морфологијата на големата бела ајкула за основа на својата реконструкција и проценка на големина.
Проценка на големина
уредиПроценка на максималната големина на Мегалодон е мошне контроверзна и тешка тема .Како и да е , научната заедница признава дека Мегалодон бил поголем од кит-ајкула , Rhincodon typus. Првиот обид за реконструкција на вилицата на оваа ајкула е направен од страна на професор Бешфорд Дин во 1909 година. Од димензиите на оваа реконструкција на вилица, големината на Мегалодон во теорија може да биде околу 30 метри (98 стапки), но со новите откритија и напредокот на науката за фосилни ‘рбети, оваа реконструкција сега се смета за неточна. Главните причини за ова неточности се; (1) релативно недоволното познавање на забната структuра на Мегалодон во време на Дин, и (2) неточните мускулни структури. Експертите сугерираат дека поточна верзија на модел на вилица на Мегалодон од страна на Бешфорд Дин би била околу 70 проценти од неговата оригинална големина и би довела до големина на ајкулата во согласност со модерните откритија. Оттаму, за да се решат таквите грешки, научници, со помош на нови фосилни наоди на Мегалодон и подобрувањата на знаењата на анатомијата на својот најблизок аналог воведени се повеќе методи за квантитативна проценка на нејзината големина врз основа на статистички односи меѓу големината на забите и телесната должина на големата бела ајкула.
Метод предложен од Џон Е. Рандал
уредиВо 1973 година, ихтиолог Џон Е. Рандал вовел метод за одредување на големината на големата бела ајкула и го искористил за да ја пресмета големината на Мегалодон. Предложениот метод е: вкупна должина во метри = [(0,096) × (висина на делот од забот покриен со глеѓ во mm). Логиката зад оваа метода е тоа што висина на делот од забот покриен со глеѓ (вертикалното растојание на сечилото од базата на глеѓта до неговиот врв) од најголемиот горен преден заб во челуста на ајкула може да се искористи за да се утврди вкупна должина. Најголемиот заб во негова сопственост во тоа време имал глеѓна висина од околу 120 милиметри, кои дале 13 метри (43 стапки) должина. Меѓутоа, две експерти за ајкули, Ричард Елис и Џон Е.Meк Коскер, укажале на недостатокот во начинот на пресметување на Рандал во 1991 година. Според нив, глеѓната висина на zабот на ајкулата не се зголемува пропорционално со забот на животното. Оваа констатација доведе до предлози за нови, попрецизни методи за одредување на големината на големата бела ајкула и слични ајкули.
Метод предложен од Готфрид et al.
уредиТројца научници, Мајкл Д. Готфрид, Леонард Ј.В.Компањо и С. Кертис Бауман, после темелно истражување на многу примероци на големата бела ајкула, предложиле конзервативен, но попрецизен метод за мерење на големината на C.carsharias i Мегалодон и тој бил објавен во 1996 година. Предложениот метод е: вкупна должина во метри на "Мега забот" = - (0,22) + (0,096) × [(максимална висина на забот во mm). Најголемиот заб на Мегалодон во сопственост на овој тим бил горниот дел од предниот примерок, кој имал максимална висина од 168 мм (6,61 инчи). Овој заб е откриена од страна на Леонард Ј.В.Компањо во 1993 година, и тоа давало должина од 15,9 метри (52 стапки). Но, гласините за поголеми Мегалодон заби постоеле во тоа време. Максималната висина на заб со оваа метода се мери како вертикална линија од врвот на круната до дното на крила на коренот, паралелно со долга оска на забот. на кратко, максималната височина на забот е неговата висина.
Проценка на телесната маса
уредиГотфрид et al, исто така, вовел методот за утврдување на телесна маса на големата бела ајкула, по проучувањето на должината - целокупен однос на податоците од 175 примероци во различни фази и раст биле извадени за да се направи проценка на телесна маса на Мегалодон. Предложениот метод е: Тежина во килограми = 3.29E-06 [TL во (метри) 3,174]. I според овој метод, 15,9 метри (52 стапки) дол`ina, примерокot ќе имал телесна маса од околу 47 метрички тони (52 кратки тони).
Метод предложен од Клифорд Еремија
уредиВо 2002 година, истражувач д-р Клифорд Еремија, исто така, предложил метод за да се одреди големината на големата бела ајкула и слични ајкули (односно, Мегалодон), кој се верува дека се заснова на веродостоен принципот кој служи добро со повеќето големи ајкули. Предложениот метод е: вкупна должина во метри = [(коренската ширина на горниот предниот заб во сантиметри) x (4,5)]. Тоа се преведува како за секој сантиметар од коренската ширина на горните предни заби, се додаваат по околу 4,5 метри. Д-р K. Еремија тврди дека периметарот на вилицата на ајкулата е правопропорционална со