Нели (рапер)

американски рапер и пејач

Корнел Ајрал Хејнс Помладиот[1] (англиски: Cornell Iral Haynes Jr.; роден: 2 ноември 1974),[1] познат по неговото естрадно име Нели (англиски: Nelly) ― американски рапер, глумец и претприемач. Кариерата ја започнал во 1993 година во хип-хоп групата St. Lunatics. Во 1999 година потпишал договор со Universal Records со која објавил 7 студиски албуми. Со албумите Country Grammar, Nellyville, Sweat and Suit, Нели станал еден од комерцијално најуспешните рапери.

Нели
Нели во 2007
Роден(а)Корнел Ајрал Хејнс Помладиот
2 ноември 1974(1974-11-02)(50 г.)
Остин (Тексас), САД
Занимање
  • Рапер
  • пејач
  • текстописец
  • глумец
  • претприемач
Активен период1993–денес
ПартнерАшанти (2003–2014, 2023–денес)
Деца4 (2 свои, 2 посвоени)
Страница
realnelly.com

Во текот на неговата кариера Нели освоил повеќе признанија меѓу кои: три Греми награди и девет музички награди од Билборд. Во 2005 година, глумел во римејкот „Најдолгиот јард“, заедно со Адам Сендлер и Крис Рок. Има две линии на долна облека, Vokal и Apple Bottoms. Питер Шапиро го нарекувал „една од најголемите ѕвезди од новиот милениум“,[2] а во 2014 година RIAA го рангирала Нели на четврто место меѓу хип-хоп музичарите со најмногу продадени албуми во американската музичка историја.[3] Во декември 2009 година, Билборд го ставил Нели на трето место на списокот на „Топ-уметници на деценијата“ за 2000-тите.[4]

Живот и кариера

уреди

1974–2000: Ран живот и почеток на кариерата

уреди

Корнел Ајрал Хејнс Помладиот е роден на 2 ноември 1974 година во Остин, Тексас. Неговиот татко бил војник во американските воздухопловните сили, а неговите родители се развеле кога имал седум години.[5] Како тинејџер, Хејнс со мајка му се преселил во предградие на Сент Луис. Додека бил во средно училиште, Нели со негови другари ја основал групата St. Lunatics. Откако не успеале да потпишат договор со дискографска куќа, членовите на групата се согласиле Нели да започне соло-кариера.[6] Во 1999 година, Нели потпишал со Universal Music Group.[7] Неговиот прв сингл Country Grammar (Hot Shit) стигнал до 7-мо место на Billboard Hot 100 и на листата во Обединетото Кралство.[8][9]

2000–2003: Пробив со Country Grammar и Nellyville

уреди

Издавачката куќа го издала неговиот прв албум, Country Grammar, во 2000 година. Успехот на насловната песна како сингл (број 7 на Hot 100 и бр. 1 Hot Rap Tracks) придонело за тоа албумот да дебитира на третото место на Билборд 200 во САД. Други синглови од албумот биле: „EI“; „Ride wit Me“ и „Batter Up“.[6] На 27 април 2004 година, RIAA го сертифицирала албумот за деветкратно платинест.[10]

Во 2002 година, Нели го објавил неговиот втор албум, Nellyville. Албумот дебитирал на прво место на Билбордовата топ-200 за музички албуми;[11] Првиот сингл Hot in Herre станал прв број еден хит на Нели во САД и се задржал на прво место седум последователни недели. Светскиот хит „Dilemma“, во дует со Кели Роланд и продаден во над 7,6 милиони примероци,[12] бил објавен како втор сингл и го заменил Hot in Herre на врвот на топ листата. Синглот бил уште поуспешен од првиот сингл и се задржал на прво место вкупно 10 недели, а песната станала втор број еден хит на Нели. Други синглови од овој албум се: „Work It“ со Џастин Тимберлејк, „Air Force Ones“ со Марфи Ли и St. Lunatics, „Pimp Juice“ и „#1“.[6] Овој албум бил многу успешен, а на 27 јуни 2003 година бил сертифициран за шесткратно платинест.[13] „Hot in Herre“ во 2003 година ја освоил наградата Греми за најдобра машка рап соло изведба.[14]

Во 2003 година, Нели го издал албумот Da Derrty Versions: The Reinvention. На него се наоѓа хит-синглот „Iz U“ од саундтракот за The Haunted Mansion од Волт Дизни. Музичкото видео за Tip Drill било контроверзно, а медиумите тврделе дека видеото прикажува мизогинија. Нели дури морал да одложи некои настапи во живо поради ова.[15] Тврдења за мизогинија, исто така, имало и за неговиот сингл „Pimp Juice“.[16] RIAA го сертифицирала албумот за платинест. За саундтракот на филмот Лоши момци 2, Нели придонел со песната „Shake Ya Tailfeather“ со Диди и Марфи Ли. „Shake Ya Tailfeather“, ја освоил наградата Греми во 2004 година за најдобра рап изведба од дуо или група.[14]

2004–2008: Продолжување на успехот

уреди

На 14 септември 2004 година, Нели издал два албума, Sweat и Suit; Нели станал прв хип-хоп изведувач кој објавил два албума во ист ден. Suit, кој бил R&B-албум, дебитирал на прво место на листата за албуми на Билборд, а Sweat, јој бил рап-албум, дебитирал на второто место; така Нели станал прв музичар кој истовремено ги држел првите две места на Билборд. Прв сингл од Suit била бавната баладаOver and Over“; необичен дует со кантри-ѕвездата Тим Мекгроу и станал кросовер хит.[17] Летото 2005 година, го издал нестудискиот албум Sweatsuit, кој ги содржел најдобрите нумери од албумите Sweat и Suit, кон кои биле придодадени три нови песни, вклучувајќи го и „Grillz“, хит-сингл број 1 од 2005 година. Во 2005 година, Нели снимил песна со Diddy и Jagged Edge во спомен на The Notorious BIG „Nasty Girl“.

По неколку одложувања, Brass Knuckles бил објавен на 16 септември 2008 година.[18] Тој ја снимил песната „Part People“[19] во дует со Ферги и таа станала негов прв официјален сингл вон албумот.[18]

2009–денес

уреди
 
Нели во 2010 година

Летото 2009 година, Нели во Лас Вегас јавно објавил дека сака да издаде нов албум.[20] Во октомври 2009 година, во интервју за SOHH.com тој рекол дека албумот ќе биде објавен во 2010 година.[20] Во интервју за ТВ Семтекс, тој на новинарите им рекол дека планира да го издаде албумот под името Нели.[21] Во април 2010 година, во Мисури бил убиен неговиот братчудет, Мајкл Џонсон, а Нели рекол дека го одложува објавувањето на албумот поради трагедијата. На албумот гостувале: T-Pain, Крис Браун, Акон, Plies, T.I., Kelly Rowland, Birdman, DJ Khaled, Avery Storm и Diddy-Dirty Money. Во мај 2010 година, Нели го открил насловот на албумот, 5.0.[22] Албумот бил издаден на 16 ноември 2010 година. Водечкиот сингл од албумот „Just a Dream“ било издаден на 17 август 2010 година, преку iTunes [23] заедно со промотивниот сингл „Tippin' in da Club“.[24]

Албумот M.O. бил издаден на 30 септември 2013 година од Republic Records.

Во 2018 година, Нели потпишал со Columbia Records.[25]

Во 2020 година, ја издал песната „Lil Bit“,[26] во соработка со Флорида Џорџија Лајн од неговиот албум „под влијание на кантри-музиката“ под наслов Heartland.[27] Тој, исто така, им се придружи на кантри пејачите Кејн Браун и Брет Кисел за ремикси на нивните песни, „Cool Again“ [28] и „She Drives Me Crazy“.[29]

Филмска и телевизиска кариера

уреди

Нели на филм дебитирал во 2001 година во независниот филм Snipes каде го глумел познатиот рапер по име Пролифик. Тој глумел во римејкот на Најдолгиот јард од 2005 година со Адам Сендлер и Крис Рок.[30][31] На саундтракот од филмот се наоѓаат неговите песни „Errtime“ и „Fly Away“. Во јуни 2008 година, во интервју за Kiwibox, Нели навел дека нејќе да продолжи со неговата актерска кариера.[32] Во 2008 и 2009 година, се појавил во епизоди на криминалната драма Истрага на местото на злосторството: Њујорк. Во 2011 година, имал камео појавување во 90210. Од 2014 до 2015 година, имал сопствено реално ТВ шоу, Неливил.[33]

Од 2 септември 2020 година, Нели се натпреварувал во 29-тата сезона од Танц со ѕвездите.[34] Тој и неговата партнерка Даниела Карагач завршиле на трето место.[35]

Други потфати

уреди
 
Ален Ајверсон и Нели на фотосесија за поддршка на Reebok во 2007 година

Nike и Нели во 2003 година потпишале едногодишен договор за производство на линија патики наречена „Air Derrty“; линијата била ретро-римејк на препознатливата патика од Чарлс Баркли.[36] Нели подоцна потпишал договор со Reebok.[37] Се појавил во реклами за Got Milk? и Ford Motor Company. За само два месеца успеал да продаде еден милион лименки од неговиот енергетски пијалок Pimp Juice кој на пазарот се појавил во август 2003 година; црните потрошувачи активисти го критикувале поради неговото име.[38] Тој е сопственик на Apple Bottoms, линија за женска облека и Vokal за машка долна облека. Тој бил еден од сопствениците на Шарлот Бобкетс, заедно со Роберт Л. Џонсон и Мајкл Џордан додека Џордан не станал мнозински сопственик во март 2010 година.[39]

Во април 2023 година, Нели лансирал бренд алкохолен пијалак наречен „MoShine“.[40][41]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Country Grammar (2000)
  • Nellyville (2002)
  • Sweat (2004)
  • Suit (2004)
  • Brass Knuckles (2008)
  • 5.0 (2010)
  • M.O. (2013)
  • Heartland (2021)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Birchmeier, Jason. „Nelly Biography“. AllMusic.
  2. Shapiro, Peter (2005). The Rough Guide To Hip-Hop (2nd. изд.). Penguin. стр. 274.
  3. Grein, Paul (2013-07-16). „Week Ending July 14, 2013. Albums: Jay-Z Back On The Throne“. Chart Watch. Yahoo! Music. Посетено на 2022-05-24.
  4. Празен навод (help)
  5. Townsel, Lisa Jones (September 2002). „Heating Up 'Nellyville'. Ebony. стр. 144.
  6. 6,0 6,1 6,2 Birchmeier, Jason (2006). „Nelly – Biography“. Allmusic. Посетено на 2008-04-26.
  7. „Interview with Kevin Law“. HitQuarters. October 3, 2002. Посетено на October 5, 2011.
  8. „Official Singles Chart Top 100 | Official Charts Company“. Official Charts. Посетено на 2020-03-21.
  9. „Nelly“. Billboard.com. Посетено на 2020-03-21.
  10. „Gold & Platinum – Country Grammar (album)“. RIAA. Архивирано од изворникот на October 16, 2015. Посетено на 2009-07-04.
  11. Празен навод (help)
  12. „Kelly Rowland live in Napoli 2010“. NapoliToday. August 25, 2010. Архивирано од изворникот на February 8, 2015. Посетено на February 11, 2015.
  13. „Gold & Platinum – Nellyville“. RIAA. Архивирано од изворникот на October 16, 2015. Посетено на 2009-07-04.
  14. 14,0 14,1 „Nelly – Grammy Awards“. Allmusic. Посетено на 2008-04-26.
  15. Arce, Rose (2005-03-03). „Hip-hop portrayal of women protested“. CNN. Посетено на 2008-04-26.
  16. D'Angelo, Joe (2003-09-10). „Nelly's Pimp Juice Threatened By Anti-Pimp Campaign“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2022-05-25. Посетено на 2022-05-24.
  17. Reid, Shaheem (2004-12-06). „Tim McGraw on Nelly Duet: 'Nothin' Country About The Song, But It Was Fun'. MTV News. Архивирано од изворникот на 2022-05-25. Посетено на 2022-05-24.
  18. 18,0 18,1 Rodriguez, Jayson (2008-04-02). „Nelly Lines up Usher, Fergie and Akon for Brass Knuckles – but No Bruce Springsteen“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2022-05-25. Посетено на 2022-05-25.
  19. Reid, Shaheem (2007-08-22). „T.I., Akon, Snoop, Pimp C Get Behind Nelly's Brass Knuckles. MTV News. Архивирано од изворникот на 2022-05-25. Посетено на 2022-05-26.
  20. 20,0 20,1 Langhorne, Cyrus (2009-07-08). „Nelly Plots Comeback & Premieres New Album, "This Is My First Time Being Able To Rock This Sh*t". Sohh. Архивирано од изворникот на September 8, 2009. Посетено на 2010-11-16.
  21. „Nelly Announces [sic] New Self Titled Album | Nelly“. Rap Basement. 2009-10-02. Архивирано од изворникот на January 8, 2010. Посетено на 2010-11-16.
  22. „Q&A: Nelly“. Metromix Tampa Bay. 2010-05-10. Посетено на 2010-11-16.
  23. „Just a Dream – Single by Nelly“. Apple Music. January 2010. Посетено на 2010-08-17.
  24. „Tippin' In da Club – Single by Nelly“. Apple Music. Архивирано од изворникот на 2020-09-18. Посетено на 2010-08-17.
  25. „Artists - Columbia Records“. Columbia Records. Sony Music Entertainment. Посетено на 2018-07-09.
  26. VanHoose, Benjamin (October 23, 2020). „Nelly Calls Himself the 'Black Tom Brady' on New Song with Florida Georgia Line“. People.
  27. Stefano, Angela (October 23, 2020). „Nelly Brings Florida Georgia Line Back for New Song 'Lil Bit' [Listen]“. Taste of Country. Посетено на November 30, 2020.
  28. Cillea Houghton (August 7, 2020). „Kane Brown and Nelly head beachside for 'Cool Again' remix [Watch]“. Taste of Country. Посетено на August 11, 2020.
  29. Colley, Katie (November 13, 2020). „Brett Kissel Teams Up With Nelly For Remix Of 'She Drives Me Crazy': 'I've Dreamt About This Moment'. ET Canada. Архивирано од изворникот на November 24, 2020. Посетено на November 30, 2020.
  30. Tyrangiel, Josh (2004-09-27). „The Rapper Who Likes Bowling“. Time. 164 (13). Архивирано од изворникот на February 4, 2013.
  31. Jet. Johnson Publishing Company. 2004-09-13.
  32. Horowitz, Steven. „Exclusive Nelly Interview“. Архивирано од изворникот на March 19, 2009.
  33. Kevin C. Johnson (April 8, 2015). „Nelly's 'Nellyville' series returning for second season in May“. St. Louis Post-Dispatch. Посетено на May 25, 2022.
  34. "Dancing with the Stars" 2020 Celebrity Cast Announced!“. ABC. September 2, 2020.
  35. Seemayer, Zack (November 23, 2020). „Nelly Says He Probably Wouldn't Have Done 'DWTS' Had He Known Who His Competitors Were (Exclusive)“. Entertainment Tonight. Посетено на May 25, 2022.
  36. „For The Record: Quick News On Deftones, Kimberly Caldwell, 50 Cent, Michelle Branch, Hanson, The Roots & More“. MTV News. 2003-05-02. Архивирано од изворникот на 2022-05-25. Посетено на 2022-05-25.
  37. „Nelly's New Sneaker & Apparel Deal With Reebok“. Nobody Smiling. 2005-07-20. Архивирано од изворникот на January 12, 2009. Посетено на 2008-04-26.
  38. Howard, Theresa (2003-10-27). „Energy drinks get their hip-hop on“. USA Today. Посетено на 2010-02-14.
  39. Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
  40. „Entertainment Icon Nelly Announces Moonshine Brand, MoShine“. PR Newswire. 6 Apr 2023.
  41. Hines, Nickolaus (April 29, 2023). „Nelly Launched a Spirit Brand Called MoShine. Here's What It Tastes Like“. Cool Material.

Надворешни врски

уреди