Невзат Бејта
Невзат Бејта (роден на 19 октомври 1961 во Гостиварско) — градоначалник на Општина Гостивар во периодот од 2013 до 2017 година. На локалните избори 2013 го победил тогашниот градоначалник Руфи Османи со 1.144 гласови разлика во вториот изборен круг.[1] Тој е оженет и татко на три деца.
Невзат Бејта | |
---|---|
Градоначалник на Општина Гостивар | |
На должноста 2005 – 2009 | |
Претходник | ? |
Наследник | Руфи Османи |
Градоначалник на Општина Гостивар | |
На должноста 2013 – 2017 | |
Претходник | Руфи Османи |
Наследник | Арбен Таравари |
Лични податоци | |
Роден(а) | 19 октомври 1961 с. Дуф, Гостиварско |
Националност | Албанец |
Партија | ДУИ |
Установа | Приштински Универзитет |
Професија | Дипломиран историчар |
Вероисповед | ислам |
Животопис
уредиОсновно училиште завршил во ОУ „Исмаил Ќемали“ - Гостивар, а средното во гостиварската гимназија. Дипломирал на Приштинскиот универзитет – Филозофски факултет, на отсекот по историја.
По дипломирањето, Невзат Бејта работеше како професор во ОУ „Прпарими“ во село Чегране, а од 1987 до 2002 г. беше професор по историја во гостиварската гимназија.[2]
Со политичка дејност почнал да се занимава уште од 1993 година, кога бил претседател на Културната заедница на Албанците во Македонија. Во гостиварските настани од 9 јули 1997, Невзат Бејта беше политички затвореник. Во 2001 година Бејта се приклучил во редовите на ОНА.[3]
Бејта од 2002 до 2005 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2005 до 2009 година беше градоначалник на општина Гостивар и потпретседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).[4] На локалните избори 2009 беше убедливо поразен од страна на Руфи Османи.[5] Во 2009 година беше заменик-претседател на ДУИ, а во периодот 2011-2013 бил министер за локална самоуправа во владата на Никола Груевски.[6]
По поднесената оставка на министерското место, тој по третпат се кандидирал за градоначалник на Гостивар.[7] На локалните избори одржани во март 2013 година тој славел победа над Османи и го освоил својот втор градоначалнички мандат.[8] Противкандидатот Османи најавил протести поради наводен „изборен фалсификат“ и „политички реваншизам“ за отпуштањето на вработени од претходната општинска администрација.[9][10]
На Локалните избори во 2017 година бил поразен од својот противкандидат од редовите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Наводи
уреди- ↑ „Невзат Бејта е новиот градоначалник на Гостивар“. Комуникација.мк. 7 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-09. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ „Невзат Бејта - министер за локална самоуправа“. ИдиВиди. 29 јули 2011. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ „Галерија: И Невзат Бејта со калашников и во униформа на УЧК на Фејсбук“. Плус Инфо.мк. 21 март 2013. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ „Невзат Бејта - министер за локална самоуправа“. МТВ. 29 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ „Бејта: Без добредојде за Руфи Османи“. Утрински Весник. 9 април 2009. Посетено на 24 јуни 2013.[мртва врска]
- ↑ „Досегашниот министер г-дин Невзат Бејта му ја предаде функцијата на г-дин Тахир Хани, нов министер за локална самоуправа“. Министерство за локална самоуправа на РМ. 19 февруари 2013. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ „Невзат Бејта и официјално кандидат за градоначалник на Гостивар“. Дневник. 15 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ „Невзат Бејта и официјално градоначалник на Гостивар“. Sky.mk. 15 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-19. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ „Руфи Османи: Ќе се радикализираат протестите во Гостивар“. Нова ТВ. 17 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 24 јуни 2013.
- ↑ „Владата вработува, Дехари и Бејта етнички отпуштаат“. Нова Македонија. 26 април 2013. Посетено на 24 јуни 2013.