Марс напаѓа!
Марс напаѓа! — американски филм од 1996 година на Тим Бартон, по жанр — црна комедија и научна фантастика.
„Марс напаѓа!“ | |
---|---|
Постер. | |
Режисер | Тим Бартон |
Продуцент | Тим Бартон Лери Џ. Франко Лори Паркер |
Сценарист | Џонатан Гемс |
Главни улоги | Џек Николсон Глен Клоус Анет Бенинг Пирс Броснан Дени Девито Мартин Шорт Сара Џесика Паркер Џек Блек Мајкл Џ. Фокс |
Музика | Дени Елфман |
Кинематографија | Питер Сушицки |
Монтажа | Крис Лебенцон |
Дистрибутер | Ворнер Брос |
Премиера | 13 декември, 1996 |
Времетраење | 106 мин. |
Јазик | англиски |
Буџет | 70.000.000 долари |
Филмот е комбинација на „евтинарија“ со буџет како за блокбастер, изобилувајќи со специјални ефекти. Саундтракот е на Дени Елфман.
Филмот доби различни критики од американски критичари, но беше попопуларен во Европа.
Синопсис
уредиМарсовци доаѓаат на планетата Земја и претстедателот на САД бара мирни односи меѓу нив и човечките суштества. Но, марсовците тоа го игнорираат и ја напаѓаат планетата со пиштоли на ласерски зраци. При нападите, може да се види како некои марсовци „си играат“ со некои светски познати споменици, како планината Рашмор и Ајфеловата кула. Луѓето се во паника, и еден од главните личности оди да ја спаси баба му, а при тоа открива начин како да ги уништи вонземјаните, а тоа е свирејќи песна насловена "Indian Love Call" од Слим Витман. Од таа песна, на марсовците им експлодира мозокот. Планетата е спасена, но во голем дел уништена.