Смоки Робинсон

американски ритам и блуз кантавтор и музички продуцент

ВилијамСмокиРобинсон Помладиот (англиски: William "Smokey" Robinson Jr.; роден на 19 февруари 1940) ― американски ритам и блуз и соул-пејач, текстописец и музички продуцент. Бил основач и фронтмен на вокалната група Miracles, една од првите групи кои потпишале за Motown. Од 1961 до 1987 година бил потпретседател на Motown Records. Во 1972 година се повлекол од Miracles за да се насочи на работата во Motown, но следната година започнал соло-кариера. Ја напуштил Мотаун во 1999 година.

Смоки Робинсон
Смоки Робинсон во 2018
Животописни податоци
Родено имеВилијам Робинсон Помладиот
Роден(а)19 февруари 1940(1940-02-19)(84 г.)
Детроит, Мичиген, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • Текстописец
  • продуцент
Период на активност1955–денес
Издавачи
Мреж. местоsmokeyrobinson.com

Во 1987 година Робинсон бил примен во Куќата на славата на рокенролот, а во 2016 година од Конгресната библиотека ја добил наградата Гершвин за неговиот животен придонес во популарната музика.[1][2] Има две ѕвезди на холивудскиот Булевар на славните, како солист (1983) и како член на „The Miracles“ (2009). Во 2022 година, бил примен на Булеварот на славните на црнечката музика и забава.

Живот и кариера

уреди

Вилијам Робинсон Помладиот е роден во сиромашно афроамериканско семејство во населбата Норт Енд во Детроит. Уште како дете, вујко му поради неговата љубов кон каубојските филмови му го дал прекарот „Смоки Џо“ (Smokey Joe). Во неговите тинејџерски години, ова беше скратено на „Смоки“.

Во 1955 година, Робинсон заедно со неговиот најдобар пријател Рони Вајт и соучениците од средно училиште Пит Мур основал група наречена „The Five Chimes“. Во 1957 година, групата била преименувана во the Matadors. На групата ѝ се приклучила Клодет Роџерс, која во 1959 година се омажила за Робинсон.Во 1958 година во групата се приклучил гитаристот Марв Тарплин. Со Робинсон како пејач, The Matadors имале свирки во околината на Детроит. На крајот тие го смениле името во The Miracles.

Во август 1957 година, Робинсон се запознал со текстописецот Бери Горди. Со негова помош The Miracles го објавиле нивниот прв сингл „Got a Job“, песна како одговор на хитот од The Silhouettes, „Get a Job“. Така започнала долга и успешна соработка.

Во 1959 година, Горди ја основа Tamla Records, која наскоро ја преименува во Motown. The Miracles биле меѓу првите кои потпишале со оваа издавачка куќа,[3] иако тие всушност соработувале со Горди уште пред формирањето на Motown Records.[4] Кон крајот на 1960 година, групата го снимила нивнот прв хит-сингл, „Shop Around“, кој станал прва плоча на Мотаун продадена во преку милион примероци. Песната се искачила на второ место на топ-листата на Билборд.

Од 1962 до 1966 година, Робинсон исто така бил еден од главните текстописци и продуценти за Motown, каде напишал многу хит-синглови. Во 1962 година, била објавена најпознатата и најпопуларната песна која ја компонирал Робинсон, „You've Really Got a Hold on Me“. Подоцна песната била преработена од Битлси, издадена на With the Beatles во 1963 година. Други хитови за групата биле „Mickey's Monkey“, „Ooo Baby Baby“, „The Tracks Of My Tears“ и „I Second That Emotion “. Во 1970 година, синглот „The Tears Of A Clown“ се искачила на прво место на топ-листите, со што станала единствената песна на групата што стигнала до таа позиција со Смоки како главен вокал.

Во 1969 година, Робинсон сакал да се повлече од турнеите за да се насочи на воспитувањето на своите две деца со неговата сопруга Клодет и на неговите должности како потпретседател на Мотаун. Станал потпретседател кон средината на 1960-тите откако Естер Горди Едвардс ја напуштил функцијата. Сепак, успехот на песната „The Tears Of A Clown“ го натерало Робинсон да остане во групата до 1972 година.[3] Неговиот последен настап со групата бил во јули 1972 година во Вашингтон

Една година по напуштањето на The Miracles, во 1973 година Смоки го најавил својот кам-бек како солист со објавувањето на албумот Smokey. Како солист, Робинсон имал хит-песни како „Cruisin'“, „Being With You“ и „Just To See Her“.

Наводи

уреди
  1. Lewis, Randy (July 5, 2016). „Smokey Robinson named 2016 Gershwin Prize for Popular Song honoree“. Los Angeles Times.
  2. Lingan, John (February 10, 2017). „Smokey Robinson Is The Greatest American Songwriter“. Deadspin. Архивирано од изворникот на 2018-02-16. Посетено на June 15, 2023.
  3. 3,0 3,1 Larkin, Colin, уред. (1998). „Smokey Robinson“. Encyclopedia of Popular Music. 6 (3rd. изд.). Groves Dictionaries. стр. 4584-4586. ISBN 978-1-5615-9237-1. Посетено на June 15, 2023.
  4. „The Miracles: In the '60s, we loved and lost to this Motown legend's smooth songs (Rock and Roll Hall of Fame Class of 2012)“. The Plain Dealer. Cleveland. April 3, 2012. Посетено на August 18, 2014.