Гуру Нанак Дев[1] (пенџапски: ਗੁਰੂ ਨਾਨਕ ਦੇਵ, хинди: गुरु नानक, урду: گرونانک Guru Nānak) (роден на 15 април 1469 во Раи Бои ди Талванди (денес Нанкана Сахиб, во близина на Лахор, Пакистан - починал на 7 мај или 22 септември 1539) е индиски светец и верски водач, кој се смета за централна фигура во сикизмот. Тој бил прв од десетте гуруа на Сиките.

Нанак
Слика на сикиски гуруа - Нанак е во средината.
Роден(а)15 април 1469
Нанкана Сахиб
(денес во Пенџаб, Пакистан)
Починал(а)22 септември 1539
ПочивалиштеКартапур
(денес во Пакистан)
НародностПенџабец
РодителиТатко: Калу Мехта
Мајка: Мата Трипта

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Гур Нанак Дев Ји се родил на 15 април 1469[2][3] во Хинду и Хатри семејство со кастинско уредување на односите,[4] во селото Раи Бои ди Талванди (денес Нанкана Сахиб, во близина на Лахор, Пакистан.[5] Денес, неговото родно место е обележано од Гурдвара Јанам Астан. Неговиот татко, Мехта Каљан Дас, познат како Мехта Калу[6] бил патвари (сметководител) на приходот од жетва на целото село Талванди, со вработени Муслимани на плодното земјиште, Раи Булар Бати [7]. Неговата мајка била Трипта Деви. Нанак имал постара сестра, Бебе Нанки.

 
Гурдвара Нанкана Сахиб, Пакистан

Најраните бографски извори за живтото на Нанак се Јанам сакис (животни сметки) и варс (составува стихови) на писарот Баи Гурдас. Најпознатите Јамсаки се смета дека биле напишани во тесна врска со Нанак, пред тој да почине.[8] И покрај тоа, стилот на пишување и заикот употребен во записите им дале на историчарите, меѓу кои и Макс Артур Мекалиф со право да размислуваат дека овие записи се напишани по неговата смрт.[9]

Баи Гурдас, којшто наводно се смета за писател на Гуру Грант Сахиб, во својот варс, исто така пишувал за животот на Нанк. Иако овие текстови биле довршени, нешто по смртта на Нанак, тие се подетални од Јанамсакис, а современите сикиски идеологии се обидуваат да ги сочуваат со голема претпазливост. Во Јанамсакис се раскажува за околностите во минутата на раѓањето на гуруто. Тие потврдуваат дека, рпри неговото раѓање, еден астролог, кој го пишувал својот хороскоп, настојувал да го види детето. Гледајќи го новороденчето, се смета дека тој го благословил, цврсто држејќи го своите прегратки[се бара извор] и забележал дека „Жал ми е дека нема да доживем да го видам малиот Гуру Нанк како возрасен[се бара извор].“

На петгодишна возраст, се вели дека Нанак покажал интерес за богословските предмети. На 7 години, неговиот татко, Мехта Калу го запишал во селското училиште, како што било обичај.[10] Познатата традиција говори дека како дете, Нанак го изненадил учителот, опишувајќи му го имплицитниот симболизам на првата буква во азбуката, којашто е права линија во персиското или арапското писмо, наликувајќи на математичката верзија на буквата и со неа објаснувајќи ја единственоста на Бог[11]. Други факти од неговото детство посочуваат на необични и чудни настани за Нанак, за кои сведочи Раи Булар, како што е отровната кобра, која ја заштитувала главата на детето од топлото сонце.

Брак и семејство

уреди

Гуру Нанк Дев се оженил со Мата Сулакни. Нивниот брак бил склучен во градот Батала, додека нивната свадба се одржала во Султанпур Лоди. Од овој брак, тој имал два сина: Шри Чад и Лакми Чад. Шри Чад основал аскетска секта, позната како Удасис, откако Нанк не го именувал како свој наследник. Помладиот син бил воспитуван да влезе во светскиот живот. Гуру Нанак ја обрнувал особено внимание на неговата дисциплина. Една приказна е мошне интересна. Кога Гуру Нанак се шетал накај гробиштата, тој фрлал златни монети. Кога пристигнал на гробиштата, останал само еден, Баба Лена.

Основањето на сикизмот

уреди

Раи Булар Бхати, којшто бил локален земјопоседник и сестрата на Нанак, Бебе Наки, биле првите кои ги признале божгословските квалитети на Гуру Нанак. Тие го охрабрувале и поддржувале Нанак да учи и да патува. Околу 1499, на триесетгодишна возраст, сикиската традиција наведувала дека Нанак пропуштил да отиде и бил навреден, бидејќи се откажал по одењето за една од неговите утрински бањи и отишол покрај потокот Кали Беин. Еден ден, тој истакнал: „Таму нема Хинду, таму нема Муслимани“ (на пенџапски „nā kōi hindū nā kōi musalmān“).[12] ОД овој момент, било јасно дека Нанак ќе започне да ги шири учењата, кои претставувале зачетопк на сикизмот.

Патувањата на Гуру Нанак

уреди

Нанак целиот свој живот го поминал патувајќи од едно место во друго. Тој отишол во Сајидпур во Гуџранвала. Оттаму, тој продолжил во Курукшетра, Хардвар, Бриндаван, Варанаси, Агра, Канпур, Ајдохја, Прајаг, Патна, Раџгир, Гаја и Пури. Тој патувал низ цела Индија.

Иако се расправа за точниот податок за неговиот план за патување, на Нанак му се признава дека направил 4 големи патувања, поминувајќи илјадници километри. Првото патување било на исток, накај Бенгал и Асам, второто накај Тамил Наду, третото на север, накај Кашмир, Ладак и Тиобет и четвртото, на запад, накај Багдад и Мека на Арабискиот Полуостров.[13]. Во Индија, тој имал критички разговори со Пандитите, а на запад со исламските верници. Тој дебатирал, и на многу места на кои верниците оделе на аџилак. Тој ја собирал облеката нам многул луѓе поради незнаење и долгови на многу луѓе. Нанак им наложувал на сите луѓе како да живеат правилно, со гбратската љубов и здравје. Тој проповедал, велејќи: „До Нама Смарана. Сакајте го Бог. Бидете потчиети на еден Бог. Служете им на вашите другари. Бог е сè во сè. Молете се. Молете го секогаш. Достигнете го блаженството на зедништво со него.“[14]. Нанк останал забележителен во менувањето на мислите на луѓето и победувајќи ја нивната љубов и самоувереност и насочувајќи ги по патот на павдината и блаженството. Тој направил сè што можел за да ги обедини Хиндуистите и Муслиманите.

Гуру Нанак продолжил во Мултан. Тој се задржал на едниот брег од една река. Мултан било место, кое секогаш било полно со факири. Според записите, тау е роден Прахлад. Во Мултан живееле и Шамс Тебриз и Менсор. Пирите дошле да дознаат зошто Гуру Нанак дошол во Мултан. Тие му испратиле преполна чаша млеко. Нанк истурил во чашата, малку баташи (грутки шеќер) и цвеќе под нив и го вратил млекото. Баи Мардана му рекол на неговиот господар дека, нешто како млеко не смеее да се враќа и дека треба да се пие. Гуру Нанк, на тоа одговорил: „Види овде Мардана. Ти си глупав. Пирите прават мал трик. Тие не ми го испратија мелкото за да го испијам. Во него се крие длабока филозофија. Во него има мудро значење. Значењето е дека, Мултан веќе е пол со пири и факири, исто како што и чашата е полна со млеко и дека нема соба за уште еден верски учител. Им платив со истата монета. Мојот одговор е дека ќе ги измешам со баташа и ќе преовладеам над нив како цвеќето во чашата млеко“.[14]. Пирите и факирите, тогаш дошле да го видат Гуру Нанк. Нанaк пеел песна. Доаѓањео на годрите и арогантни пири, овој пат имало смисла. Тие биле скромни и му се обратиле на Нанак со зборовите: „,Извинете не, о почитуван Гуру! Ние сигурно бевме вообразени. Учтиво дај ни духовни инструкции и благослови нè.“[14] Гуру Нанк ги благословил и им инструкции.

Последните години

уреди
 
Ретка танџавурска слика од доцниот 19 век, која ги опишува десетте гуруа на Сиките. Нанак е во средина

Како што минувале годините и се приближувал крајот на животот на Гуру Нанакк, така тој започнувал да ја набљудува побожноста и надареноста на неговите синови и блиските следбеници, демонстрирајќи ги ставовите во мислите на другиот. Имало бројни случаи, а еден приврзаник, Баба Лена, прераснал во величествена личност, бидејќи некогаш не ја изгубил вербата во Гурту Нанак.

Гуру Нанк го именувал Баба Лена за негов наследник како гуру, менувајќи му го името во Гуру Ангад Дев, што во превод значи „единечна сопственост„ или „дел од тебе“. Ова наследување не било едноставен чин. Преку трансфопрмацијата, во споредбна со сикиската традиција како преминување од огнот на една свеќа на друга, титулата гуру на Гуру Нанак преминала во рацете на Гуру Ангад. Гуру Ангад станал Гуру Нанак. Во Гуру Грант Сахиб, ова е опишано како физичка манифестација, при што Ангад е личност, која ненадејно се појавува за да изгледа како Нанак.[15]

Смртта

уреди

Кратко по именувањето на Баба Лена за наследник, Нанак соопштил дека времето на неговата смрт е пристигнато и се повлекол на дрво, при што седел во лотус позиција и праан (животна сила) бил воден нагоре и надвор од неговото тело. Ова се вели дека се случило на 22 септември 1539 во Картарпур, Пенџаб, Пакистан, кога Нанк имал 70 години. Сепак, постојат податоци кои потврдуваат, дека Нанак починал во 1538 година.[14]

Учењата на Гуру Нанак

уреди

Гуру Нанк Дев го практикувал стариот систем на јога, којшто умствено бил свртен кон животната енергија, нагоре и надолу, околу шесте ’рбетни мозоци, кои одговарале на дванаесетте хороскопски знаци и го зимболизирале космичкиот човек. Половина минута од оваа револуција на енергија околу чувствителниот ’рбетен канал на човекот влијае на прогресот во неговата еволуција. Оваа половина минута од оваа револуција е еднаква на една година од природниот духовен развој. Ослободувањето може да се постигне со оваа внатрешна пранајама, којашто се достигнува со разделување на правецот на инспирација и експирација. Ова се нарекува Гурмуки Видја (знаење кое е граница со врската на учениците на гуруто). Овој систем на јога се состои од бројни нивоа на пранајама, врз основа на рехники, кои настојуваат да го забрзаат развојот и да создадат мудар став на смиреност и сојузништво со Бог.

 
Нанак со Хиндуисти

Секое живо суштество во овој свет има вообичаена активност, а тоа е дишењето. Праан (Универзална космичка енергија), којашто вклучува сè во процесот на дишење, собира сè во универзумот и го соединува. Вдишувањето во издишување и издишувањето во вдишување се неутрализирани од јогито; тој освен тоа ослободува праан од срцето го става под контрола.Тогаш, тој го остварува тоа што не се граничи со некое име или атрибут. Тој проникнува насекаде во универзумот и сè што е материјално и нематеријално е во него, тој нема граница, тој е во просторот. Ако некој го види во секого, тогаш како се чувствува зависта спрема човека? Обединувајќи се со Бог, неговото присуство ја ослободува околината од сите закани. Ова е зошто Раи Булар ја видел отровната кобра, како ја заштитува главата на заспаното дете (Гуру Нанк) од топлото сонце.

Меѓу различните учења на Гуру Нанак Дев, основно било „Апсолутно е потребно за сите, целосно да му се предадат на нивниот гуру. Повеќето можат да му се предадат на гуруто, повеќе тој може да дознае за најфината од фините техники на јогата од неговиот гуру. Без предавање, ништо не може да се добие од гуруто.“ Баба Лахина го докажал ова. Тој рекол: „Секогаш присети се дека никому не припаѓаш и никој не ти припаѓа тебе. Размисли дека еден ден, ненадејно ќе мора да напуштиш сè во светот, па запознај се Бог сега. Подготви се за светлото патување на смртта, кое ти претстои, со дневно ослободување на надуеноста на божјите согледувања. Из измамата, ти се поистоветуваш како збир на сјај и коски, што во најдобар случај е гнездо на неволји. Медитирај постојано, така што може да се видиш како бесконечно битие, слободно од секоја форма на мизерија. Престани да бидеш заробеник на телото; користејќи го тајниот клуч на јогата, научи да избегаш во духот.“ Тој ја предавал оваа тајна техника на оние кои искрено ја побарувале. Баба Лахина бил еден од нив.

Учењата на Гуру Нанак може да се најдат во сикискиот запис Гуру Грант Сахиб, кој претставува збирка од изјави, запшишани во стихови, кои биле пронајдени и чуени во Гурмуки.

Од нив, некои вообичаени принципи изгледаат лесно забележителни. Прво, надмоќниот Бог, кој иако несфатливо се јавува во различни верски облици, еднинскиот „Доер“ и изворот без облик на сите облици. Опишани се трајните и безвременски облици и во лични и безлични облици. Спасувањето или ослободувањето зависи од милоста на Бог и надвор од моќта на поединеците се огледа низ поединеците, на кои се гледа постојано во нивните напори. Религиозното будење се споредува со подложувањето на животна смрт.

Гуру Нанак ги опишува опасностите на сопствената личност („хаумаи“ - „јас сум“) и ги повикува посветените да се зафатат во култот кон Божјото име и пеењето на Божјите квалитети, отфрлајќи ги долговите во тој процес. И покрај тоа, ваквите култови мора да бидат несебични („сева“). Божјото име го чисти поединецот за да го направи култот возможен. Ова е поврзано со откривањето дека Бог е „Доер“ и без Бог нема никој друг. Гуру Нанк предупредувал против хипокризијата и лагата, велејќи дека тие се продорни во хуманоста и дека религиозните акции може да бидат суетни. И покрај тоа, практикувањето на пеење во состојба на седење се смета за величествено. Исто така, може да се каже дека аскетските проби се немилосни за Гуру Нанк, кој препорачува останатата духовност да се одвои од живеењето како домаќин.

Во народната традиција, учењето на Гуру Нанак е сфатено, како нешто што треба да се практикува на 3 начиниз:

  • Наам Јапна: Маѓепсувајќи го светото име и освен тоа, споменувајќи го Бог цело време (постојано благословување на Бог);
  • Кират Каро: Правејќи гоживеењето чесно, без истражување или измама;
  • Ванд Чако: Споделување со другите, помагање на оние на кои им е потребна помош.

Гуру Нанак особено го нагласувал значењето на култот на „Вистинското име“ (Наам Јапна). Еден треба да ја следи насоката на разбудените поединци одошто умот (став на „мамук“ - да се биде воден од умот).

Во контекст на неговите времиња, реформите кои се појавиле и ги вовеле учењата на Нанак и го подигнале движењето бхакти, жените не биле одвојувани и дискриминирани од институциите, што го потврдува ставот дека Бод не е посебен за секој поединец.

Двете чуда

уреди

Постои забележителен инцидент, кој е поврзан со посетата на Нанак на Мека. Во Мека, Нанак бил пронајден како спие со неговите нозе свртени накај Каба, пред што Муслиманите се молеле. Кази Рукан уд-дин, кој го забележал ова, луто извикал: „Неверство! Како се осмелуваш нечесно спрема божјото место, вртејќи ги нозете спрема него?“, а притоа и удирајќи го Нанк. Нанк тивко одговорил: „Јас сум уморен. Заврти ги моите нозе во онаа насока на која не е Бог.“ Кази Рукан уд-дин луто ги фатил нозете на Нанак и ги завртел во спротивната страна. Но, џамијата, исто така започнала да се пиместува. Кази бил зачуден од она што гледа. Тогаш, тој ја признал славата на Гуру Нанак.

Гуру Нанак бил во Хасан Абдал во северозападната погранична провинција во 1520 година. Тој седел пред една смоква на едно ритче. На врвот на ридот, живеел исламски светец, кој се викал Вали Квандхари. На врвот на ридот имало извор со вода. Баи Мардана сакал да наполни вода од изворот. Гуру Нанак станал многу популарен за кратко време, а исламскиот светец бил љубоморен и му забранил на Мардана да наполни вода и да си замине со неа од изворот. Тој го известил Гуру Нанк, за опва, а овој му одговорил: „О Мардана! Немој да се плашиш. Бог наскоро ќе ни испрати вода надолу.“ Изворот којшто бил на врвот од ридот се наслонил веднаш и водата започнала да тече надолу. Светецот бил бесен и фрлил голем камен по изворот, точно на местото каде што седел Нанак. Гуру Нанк го застанал тркалањето на каменот со својата рака. Чувството на неговата рака над каменот постои и денес. Тогаш светецот се приближил до гуруто и клекнал пред неговите нозе и го помолил за прошка. Гуру Нанак се насмеал и му простил на арогантниот светец. Денес, на тоа место се наоѓа храм, на страната на изворот, кој е наречен „Пунџа Сахиб“.

Баабурбаани

уреди

Баабурбаани (Баани на Баабар) се стихови од химната, компонирана од Гуру Нанак, која е запишана во Гуру Грант Сахиб и се однесува на могулската инвазија на Индија, настан кој се случувал додека Наанк бил жив.[16] Позната ггледна точка на овие стихови е тоа што, ние обично не го бараме преработените описи на настанот. Во оваа химна, Гуру Нанак, како метафора го користи поимот „свадба“, опишувајќи ја инвазијата на Баабур.Ироничната употреба на поимите асоцира на свадбените обичаи, кои изгледа дека се подверзии на народникот и распространетиот архетип на саканото, кое е привлечено од северно индиските религиозни и уметнички обичаи од тоа време.

Гуру Нанк го опишал настанот во прилог на милоста на семоќниот Бог, опишувајќи ја моќта со нема економија на државата и како ова е поврзано со прашањата на страдањето и угнетувањето ненаучноста во животот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Гуру Нанк може да се однесува и на многу други имиња и наслови, како што се Баба Нанак или Нанак Шах.
  2. http://sikhs.org/guru1.htm
  3. Постојат некои мислења дека е роден на 16 април или 20 октомври 1469. Неклои цврсто стојат на мислењето дека 20 октомври е ден на просветеност
  4. Macauliffe, Max Arthur (2004) [1909]. The Sikh Religion - Its Gurus, Sacred Writings and Authors. India: Low Price Publications. стр. 1. ISBN 81-86142-31-2. The third day of the light-half of the month of Baisakh (April-May) in the year AD 1469, but, some historians believe that the Guru was born on April 15th, 1469 A.D.. Generally thought to be the third day of Baisakh (or Vaisakh) of Vikram Samvat 1526.
  5. Singh, Khushwant (2006). The Illustrated History of the Sikhs. India: Oxford University Press. стр. 12–13. ISBN 0-19-567747-1. Also, according to the Purātan Janamsākhī (the birth stories of Nanak).
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-18. Посетено на 2009-06-04.
  7. The Bhatti's of Guru Nanak's Order
  8. Early Gursikhs: Bhai Bala Ji | Gateway to Sikhism-Gateway to Sikhism
  9. Macauliffe, Max Arthur (2004) [1909]. The Sikh Religion - Its Gurus, Sacred Writings and Authors. India: Low Price Publications. lxxix. ISBN 81-86142-31-2.
  10. Macauliffe, Max Arthur (2004) [1909]. The Sikh Religion - Its Gurus, Sacred Writings and Authors. India: Low Price Publications. стр. 2. ISBN 81-86142-31-2.
  11. Cunningham, Joseph Davey (1853). A History Of The Sikhs. London: John Murray. стр. 37–38.
  12. Shackle, Christopher; Mandair, Arvind-Pal Singh (2005). Teachings of the Sikh Gurus: Selections from the Sikh Scriptures. United Kingdom: Routledge. xiii–xiv. ISBN 0-415-26604-1.
  13. Dr Harjinder Singh Dilgeer (2008). Sikh Twareekh. Belgium & India: The Sikh University Press.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 http://www.dlshq.org/saints/gurunanak.htm
  15. За Сиките, иако имало 10 оделни гуруа во физичка форма, всушност имало само еден гуру, чијашто мкетаморфозирана светлина преминувала од наследник на следниот, со дарување на еден вид на повторно раѓање на истата личност. Според тоа, сите тие го задржале оригиналното име „Нанак“.
  16. [1] Архивирано на 22 септември 2009 г. Baburvani on Gurudwara.net

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Аудио содржина

уреди