Намик Докле
Намик Хамза Докле (албански: Namik Dokle, р. 11 март 1946, Драч) — албански политичар со македонско етничко, горанско потекло, поранешен вицепремиер на Албанија и поранешен претседател на парламентот на Албанија.
Намик Докле | |
---|---|
Податотека:Namik Dokle.jpg | |
Вицепремиер на Република Албанија | |
На должноста 2002 – 2005 | |
Претседател | Алфред Мојсиу |
Премиер | Фатос Нано |
Претседател на парламентот на Република Албанија | |
На должноста 2001 – 2002 | |
Претседател | Реџеп Мејдани |
Премиер | Илир Мета |
Пратеник во парламентот на Република Албанија | |
На должноста 1991 – 2000 | |
Претседател | Рамиз Алија Сали Бериша Реџеп Мејдани |
Лични податоци | |
Роден(а) | 11 март 1946 Драч, Албанија |
Партија | СПА |
Професија | политичар, новинар |
Животопис
уредиРан живот
уредиРоден е на 11 март 1946 година во Драч. По народност е Горанец - албански Македонец, со потекло од с. Борје, Кукушко. Во 1970 година завршува високо образование на земјоделскиот Универзитет во Тирана, каде студира аграрна економика, како и на тиранскиот Универзитет, каде студира новинарство.
Кариера
уредиПомеѓу 1970-1983 година работи како новинар во весникот „Пуна“, а од 1983 до 1989 година е негов главен уредник. Во 1991 г. е главен уредник на весникот „З`ри и Популит“.
Намик Докле е еден од раководителите на социјалистичката партија на Албанија од 1991 година. Помеѓу 1991-2000 година е пратеник од СПА во албанскиот парламент. Од 1992 до 1997 година е претседател на парламентарната група на СПА, како и заменик-претседател на СПА (1992-1996). Од 2001 до 2002 година е претседател на парламентот на Република Албанија.[1] Во третата влада на Фатос Нано (2002-2005) е вицепремиер.
Ги владее шпанскиот, францускиот и рускиот јазик.