Сали Бериша (15 октомври 1944, Вичидол) — поранешен претседател на владата на Република Албанија од 2005 до 2013, поранешен претседател на политичката партија Демократска Партија на Албанија од 1991 до 1992, и повторно од 1997 до 2013 година, поранешен претседател на Република Албанија од 1992 до 1997 година.

Сали Бериша
Сали Бериша


Претседател на Албанија
Мандат
11 септември 2005 – 15 септември 2013
Претседател Бујар Нишани
Претходник Фатос Нано
Следбеник Еди Рама

Роден 15 октомври 1944
Вичидол, Република Албанија
Партија Демократска Партија
Сопружник Лири Бериша
Професија Лекар,Кардиолог
Религија Муслиман

Политичка кариера

уреди

Претседател на Република Албанија

уреди

По првите слободни избори во Албанија, Бериша беше избран за претседател на Република Албанија на 9 април 1992 година. За време на неговиот мандат како претседател на Република Албанија, Албанија беше отворена кон Запад, таа стана членка на Советот на Европа во 1995 година,а исто така е потпишана и Спогодбата за Партнерството и мир во 1993 година и воспостави тесна соработка со земјите на ЕУ и САД. Сите закони на комунистичката диктатура беа заменети со нови закони на европските стандарди и создаде нови институции, како Уставниот суд на Албанија и на Високиот совет за правда, кои претходно не постоеја.

Колапсот на пирамидалните штедилници во крајот на 1996 година, во која Албанците изгубија над милиарда долари, доведе до демонстрации на кои луѓето ја обвинеа владата за крадење на државни пари. Проблемите создадени како резултат колапсот на штедилниците на почетокот на 1997 година го принудеа Бериша да донесе декрет за предвремени избори во јуни 1997 година. Овие избори беа освоени од страна на опозицијата и по ова Бериша поднесе оставка како претседател.

Премиер

уреди

На 3 јули 2005 година, коалицијата од пет централно-десничарски партии предводена од Сали Бериша победува и обезбедува мнозинство од 74 пратеници од вкупно 140 колку ги има во Парламентот а на 8 септември 2005 година со мнозинство од 81 гласови од пратениците е избран за премиер Албанија. На 4 април 2009 година, Албанија стана член на НАТО. Ова беше постигнато благодарение на реформите спроведени од страна на владата на г-дин Бериша. Според добро познатиот американски магазин Форбс Албанија беше речиси единствената земја во Европа која имаше економски раст и како архитект се смета Бериша на економскиот успех на Албанија.

На 28 јуни 2009 се одржаа следните парламентарни избори, каде што владејачката коалиција предводена од Демократската партија освои 70 места од вкупно 140 во Парламентот. Како претседател на Демократската Партија на Албанија, Сали Бериша го поканил водачот на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) Илир Мета во заедничка коалиција, по што била составена влада. Новата влада се сметала како владата на интеграцијата на Албанија во Европската унија.

По поразот на неговата партија на изборите од 2013 година, Сали Бериша поднел оставка на позицијата претседател на партијата, но останал да биде член на парламентот.[1]

Приватен живот

уреди

Сали Бериша е во брак со Лири Бериша, која е педијатар и има две деца, една ќерка, Аргита, и еден син, Шкелзен. Бериша Зборува англиски, француски, италијански, руски и германски јазик.

Наводи

уреди