Надбубрежна жлезда
Надбубрежните жлезди (латински: glandula suprarenalis) се ендокрини жлезди. Надбубрежната жлезда е парна жлезда, се дели на лева и десна. Жлездите се сместени над горните полови од бубрезите, двете се тешки од 10 до 12 грама. Десната надбубражна жлезда по форма е триаголнеста, а левата наликува на полумесечина. Надбубрежната жлезда е изградена од два дела различни по форма и потекло, а тоа се: срцевина (meldullla) и кора (kotex). Кората има неврогено потекло како и бубрегот, а нејзините клетки се многуаголни, групирани оформуваат три слоја. Медулата на надбубрежната жлезда има симпатогено потекло како симпатикусот на човековото тело. Таа е составена од големи клетки и симпатички ганглиски клетки. Симпатичките ганглиски клетки ја поврзуваат надбубрежната жлезда со периферниот центар на автономиот нервен систем. Според местото на создавање хормоните на надбубрежните жлезди ги делиме на медуларни и кортикални.
Надбубрежна жлезда | |
---|---|
Надбубрежна жлезда | |
Податоци | |
Претходник | mesoderm, neural crest |
Систем | endocrine Artery = superior suprarenal artery, middle suprarenal artery, Inferior suprarenal artery |
Вена | suprarenal veins |
живец | celiac plexus, renal plexus |
Лимфа | lumbar glands |
Назнаки | |
Латински | glandula suprarenalis |
MeSH | A06.407.071 |
TA | A11.5.00.001 |
FMA | FMA:9604 |
Функција
уредиМедуларни хормони
уредиМедулата на надбубрежните жлезди лачи два хормона: адреналин и норадреналин. Во однос на хемиската структура двата хормона спаѓаат во групата на катехоламини. И покрај тоа што хемиската структура им е слична, дејствата на двата хормона може да биде различна. Физиолошкото дејство на двата хормона одговара на дејството на симпатикусот. Хормоните дејствуваат стимулативно врз срцевата работа (зголемената надразливост, спроводливост, сила, тонус и честота), предизвикуваат вазоконстрикција на крвните садови, а со тоа и покачување на артерискиот крвен притисок.
Адреналинот за разлика од норадреналинот, предизвикува вазоконстрикција на сите артериоли, базоконстрикциски дејствува само втз артериолите во кожата, а во другите подрачја има спротивен ефект (вазодилатација). Адреналинот ја инхибира перисталтиката во дигестивниот тракт го покажува тонусот на скелетната мускулатура, ја стимулира гликозата во мускулите и ја зголемува работната способност на изморените мускули. Стимулативното влијание на адреналинот врз јаглехидратниот метаболизам доведува до зголемување на базалниот метаболизам, а во респираторните органи предизвикува ширење на бронхуисите (бронходилатација). Лачењето на адреналинот се зголемува при некои емоционални состојби, како што се: болка, лутина, страв и психичка напнатост. Хипоксија и крварење, исто така, ја зголемуваат концентрацијата на адреналинот и норадреналинот во крвта.
Доколку се отстрани медулата на надбубрежните жлезди до смрт нема да дојде затоа што адреналинот и норадреналинот се создаваат и во другите хромафини клетки во организмот. Освен тоа, норадреналинот се создава и лачи во синапсите и има улога на пренесувач на дразбата од симпатичките нервни влакна на инервираните органи.
Функција на надбубрежната кора
уредиНадбубрежната кора создава различни хормони со слична хемиска структура, од групата стероиди, но со различни функции. Прва група од стероидните хормони се минералокортикоидите. Втората група се состои од гликокортикоиди. Третата група ја сочинуваат андрогените.
Кората на надбубрежните жлезди создава три групи хормони: во zona glonerolosa се создаваат менералокортикоидите, во zona fasciculata гликокортикоидните и во zona reticuloaris андрогените хормони.
Менералокортикоиди
уредиОд минералокортикоидите хормони најголема физиолошка улога има алдестеронот. Неговата улога се состои во регулирање на концентрацијата на натриум во организмот. Алдестеронот ја стимулира ресорпцијата на натриум од дисталните и собирните каналчиња на нефронот, олеснувајќи го транспортот низ клеточните мембрани. Врз лачењето на алдестеронот имаат влијание други два хормони: кортикотропниот хормон од аденохипофизата и ренинот што го лачат бубрезите.
Алдостеронот и артерискиот притисок
уредиАлдостеронот произведен од надбубрежната кора учествува во воспоставувањето рамнотежа на минералите и течностите во организмот. Својата функција ја врши во бубрезите, каде ја поттикнува реапсорпцијата на натриумот и отстранувањето на калиумот преку мочта. Овие дејства ги задржуваат течностите во организмот и, според тоа го зголемуваат артерискиот притисок. Во нормални услови, производството на алдостерон зависи од еден деликатен регулаторен механизам: при паѓањето на артерискиот притисок бубрегот лачи ренин,ткивен хормон кој активира една супстанција што ја произведува црниот дроб кој се наоѓа во плазмата, ангиотензин, агенс кој дејствува врз надбубрежната кора и го поттикнува производството и излачувањето на алдостеронот.
Гликокортикоиди
уредиГликокортикоидите хормони се со најголемо физиолошко дејство во организмот, тое го покажуваат кортизолот и кортикостеронот. Гликокортикоидите играат важна улога во регулацијата на метаболизмот на јаглехидратите, мастите и белковините. Под влијание на гликокортикоидите разградувањето (катаболизам) на белковините се зголемува, се стимулираат процесите на гликогенизата и неогликогенезата (создавање на гликоген од мастите и белковините). Лачењето на гликоркотеидите зависи од кортикотропниот хормон на аденохипофизата и се остварува по пат на негативна повратна врска. Врз количината на ослободениот кортикотропен хормон, а преку него на гликокортикоидите, големо влијание имаат сите видови на физички и психички стресови.
Андрогени хормони
уредиАндрогените хормони (андростендион и 11 β - хидроксиандростендион) и естрогените својства функцијата ја искажуваат во гениталната сфера. Андрогените хормонизаедно со тестостеронот (машки полов орган што го лачат тестисите) се одговорни за маскулинизација, а естрогените хормони за феминизација на организмот.
Зголеменото лачење на андрогените хормони кај дечињата предизвикува појава на предвремена полова зрелост, која се манифестира со предвремен развој на половите органи и секундарните полови белези (влакнавост во пределот на пубисот во пазувите, растење на брадата и мустаќите и мутирање на гласот). Кај девојчињата настанува маскулинација (попримање на машки белези). Тоа се манифестрира со појава на секундарните полови одлики карактеристични за машкиот организам (машки тип на влакнавот, машки глас, растење на дразницата и атрофија на овариумите).
Клиничко значење
уредиХипофункција
уредиХипофункцијата на кората на надбубрежните жлезди здружена со хипофункцијата на сржта доведува до појава на заболување познато како Адисонова болест. Болеста се одликува со следниве симптоми: општа мускулна слабост (адинамија), атрофија на мускулите намален артериски притисок (хипотензија), намалена концентрација на гликозата во крвта (хипогликемија), намалена телесна температура (хипотермија) и карактеристична обоеност на видливите делови од кожата. Кожата има боја на бронза, па оттаму и синоним на ова заболување „Бронзово заболување“.
Хиперфункција
уредиКушинов синдром (Cushing синдром). Кушиновиот синдром се манифестрира со добивање на тенка кожа, мускулна слабост, зголемено ниво на гликоза.
Зголемено лачење на андрогените хормони во кората од надбубрежната жлезда (андостендион, естрогени) кај децата предизвикува привремен пубертет (pubertas precox) која се манифестрира со развој на половите органи и појава на секундарните полови белези. Кај женските настанува маскулинизација (појава на машки белези, машки тип на влакност, машки глас, астрофија на овариумите). Кај машките фемининизација (појава на женски белези). Причини за пореметување на функцијата на ендокрините жлезди може да бидат тумури во жлездите при што се намалува или се зголемува функцијата.
Во стресна состојба се стимулира adrenalin преку хупоталамусот при што организмот реагира со зголемен крвен притисок, зголемен шеќер во крвта, забрзана работа на срцето и дишењето.
Наводи
уреди- ↑ „OpenStax CNX“. cnx.org. 2013-04-25. Посетено на 2015-08-01.
Надворешни врски
уредиАдисонова болест (Morbus Addison) Архивирано на 13 октомври 2013 г.
Рак на надбубрежни жлезди Архивирано на 5 март 2016 г.