Дразница
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Дразница или клиторис (од грчки κλειτορίς) — женски полов орган. Дразницата е најчувствителната ерогена зона на жената, и основен анатомски извор на женското сексуално задоволство. Познавањето за дразницата е значително засегнато од културните сфаќања за органот. Студии укажуваат на тоа дека знаењето за неговото постоење и анатомија е слабо во споредба со она на другите сексуалните органи, и дека повеќе едукација за тоа би можело да помогне во ублажувањето на социјалните стигми поврзани со женското тело и женското сексуално задоволство; на пример тоа што женската мастурбацијата е табу тема. На конференцијата за Канадското Друштво на Жени во Филозофијата во 2002 година, д-р Ненси Туана тврдеше дека дразницата е непотребна за размножувањето; Таа вели дека тој е игнориран поради "стравот од задоволство. Тоа е задоволство одделено од репродукција. Тоа е стравот." Таа оцени дека овој страв предизвикува незнаење, кое става превез врз женската сексуалност. О'Конел тврди "тоа се сведува на соперништвото меѓу половите: Идејата дека едниот пол е сексуален а другиот репродуктивен. Вистината е дека и двата се сексуални и репродуктивни."
Дразница | |
---|---|
Внатрешна анатомија на вулва, со дразница и мали усници. Дразницата се протега од видливиот дел до срамната коска. | |
Податоци | |
Претходник | Genital tubercle |
Артерија | Dorsal artery of clitoris |
живец | Dorsal nerve of clitoris |
Назнаки | |
MeSH | A05.360.319.887.436 |
TA | A09.2.02.001 |
FMA | FMA:9909 |