Мртвите херои на нашата иднина

Мртвите херои на нашата иднина е книга од македонскиот блогер Струмјан, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Дизајнот на корицата

Вистинско име на авторот е Илија Илиев, роден 1970 година, познат македонски хуморист, кој објавувал во Остен и Хихирику. Книгата содржи куси карикатурни описи со исклучително саркастичен карактер.

„Кога се појавија првите текстови од серијалот, не бев сигурен дека авторот ќе ја истера докрај оваа замисла. На моја среќа не бев во право“ - вели Сашо Мацановски Трендо во својот осврт кон книгата. Иван Карадак додава: „Да се нафати некој денес да напише книга, особено овде, кај нас во Македонија, покрај неопходниот талент мора да поседува уште еден квалитет: да биде бескрајно наивен, храбар или луд...“[2]

Наводи

уреди
  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. Мртвите херои на нашата иднина, Скопје:2008 ISBN 978-608-4502-08-1


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник  • Мртвите херои на нашата иднина  • No friends no family  • Авгански дневници  • Последниот македонски хакер  • Патот на душите  • Светлата страна на готиката  • Мисли на празно срце  • Пуфлините коцкички  • Не е сѐ како што изгледа  • Од CABARET до OZ  • Анти-блог за Филип Петровски  • Мајмунска стапица  • Кога нема ништо  •