No friends no family е книга од македонската блогерка Бездомна, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Дизајн на корицата

Вистинско име на авторот е Александра Јурукоска, родена 1986 година, студент на Филолошки факултет. Авторката нè води низ светот на секојдневието, притоа правејќи зачудувачки пресврти при употреба на сликите и асоцијациите. Ова е книга на поетски текстови.

„Ѝ паднаа евергрините на Бајрон под маса.
По сѐ изгледа биле листопадни.
Есента веќе помина.
Зимата не наближуваше.
Ѝ беше мерак што еден човек што го почитуваше се ужаснуваше од зборот „беше“.
Никогаш не дозна зошто.“ [2]

Наводи

уреди
  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. No friends no family, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-04-3


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник  • Мртвите херои на нашата иднина  • No friends no family  • Авгански дневници  • Последниот македонски хакер  • Патот на душите  • Светлата страна на готиката  • Мисли на празно срце  • Пуфлините коцкички  • Не е сѐ како што изгледа  • Од CABARET до OZ  • Анти-блог за Филип Петровски  • Мајмунска стапица  • Кога нема ништо  •

Надворешни врски

уреди