Мајмунска стапица
Мајмунска стапица е книга од македонскиот блогер Џаман, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинското име на авторот е Драган Диванисов, роден 1969 година. Книгата е збирка постмодернистички раскази. Фикција, деконструкција, теориски образложувања, глобална политика, и сето тоа онака добро спакувано.
„По неколку месеци другарот филозоф ми ги побара клучевите од викендичката. Кажа дека сака да биде сам неколку дена. Осамата ја продолжи во неколку недели. Кажа дека со самотијата се ослободил од нешто, исто како што го ослободил подрумот од теглите компот...
Подоцна дознав дека отпатувал во некоја сончева земја и се зафатил со бизнис. Од овошјето правел компот. Повремено ми праќа овошни разгледници со феноменални вкусови, доколку сакате ќе ви ги покажам некогаш.“ [2]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Мајмунска стапица, Скопје:2008; ISBN 978-9989-2398-9-2
- Блогот на Џаман - блог од кој се вклучени постовите во книгата