Пуфлините коцкички

Пуфлините коцкички е книга од македонската блогерка Крофна, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Дизајн на корицата

Вистинското име на авторот е Нина Апостоловска, родена 1983 година. Расказите во книгата сите заедно прават една мозаична приказна за модерното живеење на една скопска девојка.

„Одамна јас не се внесувам. Се внесував на погрешни места. Кај луѓе што не ме интересира што сакаат од себе, ама знам дека не знаеле што сакаат од мене... Тогаш се чувствував среќна и посакувана со тоа што ќе ми се јавеа, мислејќи дека мислат на мене.
Сега би била среќна ако најдам некој... чиј сурат би бил доволно пристоен да го гледам секое сабајле до мене во кревет, и за кој ќе ми биде сеедно ако ме остави.“ [2]

Наводи

уреди
  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. Пуфлините коцкички, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-05-0


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник  • Мртвите херои на нашата иднина  • No friends no family  • Авгански дневници  • Последниот македонски хакер  • Патот на душите  • Светлата страна на готиката  • Мисли на празно срце  • Пуфлините коцкички  • Не е сѐ како што изгледа  • Од CABARET до OZ  • Анти-блог за Филип Петровски  • Мајмунска стапица  • Кога нема ништо  •