Од CABARET до OZ
Од CABARET до OZ е книга од македонскиот блогер Рибаро, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинско име на авторот е Јане Ѓорѓиоски, стопанственик во транзиција, кој живее и работи во Прилеп. Видено низ постмодернистичка призма, книгава може да ја сметаме за структурно разграден роман или новела, а интензитетот на приказните се зголемува прогресивно низ целата книга.
„Од карши нас, на највидната маса во кафаната, седеше еден пицикато дотеран млад господин со лептир машна, шешир и бастун. Нè погледна, се насмеа под мустаќ и со очите го повика меанџијата. Меанџијата почека да ја напушти господинот меаната, и ни се обрати:
- Од денес оваа маса секогаш ќе биде резервирана за вас.
Останавме подзинати, а меанџијата ни го разбра прашањето: - Господинот што пред малку замина се погрижи за сè.
- Кој е човеков?
- Тој се вика Петре Прличко, и е глумец.
... Има луѓе, помислив.“[2]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Од CABARET до OZ, Скопје:2008 ISBN 978-608-4502-06-7
- Блогот на Рибаро Архивирано на 5 мај 2008 г. - блог од кој се вклучени постовите во книгата