Авгански дневници

Авгански дневници е книга од Ана Пејчинова, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Дизајнот на корицата

Авторката Ана Пејчинова е родена 1973 година во Скопје. Работела во Авганистан во мисиите на ООН и УСАИД и оттаму произлегуваат записите за Авганистан, сместени меѓу кориците на книгата, а кои првобитно се објавени на блог.[2]

„Кога првпат ги видов одблиску пустините на Авганистан, ми ги зедоа очите. Непрегледни, цврсти... празни. Толку празни, што нивната празнина биеше во очи помоќно од секакво присуство“ - вели Пејчинова. [3]

Наводи

уреди
  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. Ана Пејчинова Архивирано на 15 јуни 2008 г. - лична страница. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  3. Afghan Journals Архивирано на 19 ноември 2008 г. - блогот на Пејчинова. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник  • Мртвите херои на нашата иднина  • No friends no family  • Авгански дневници  • Последниот македонски хакер  • Патот на душите  • Светлата страна на готиката  • Мисли на празно срце  • Пуфлините коцкички  • Не е сѐ како што изгледа  • Од CABARET до OZ  • Анти-блог за Филип Петровски  • Мајмунска стапица  • Кога нема ништо  •