„Мојата Африка“ (англиски: Out of Africa) е американски филм (од жанрот драма) од 1985 година, режиран и продуциран Сидни Полак (Sydney Pollack), а автор на сценариото е Курт Лидке (Kurt Luedtke). Главните улоги ги толкуваат: Роберт Редфорд (Robert Redford), Мерил Стрип (Meryl Streep), Клаус Марија Брандауер (Klaus Maria Brandauer), Мајкл Кичен (Michael Kitchen), Малик Боуенс (Malick Bowens), Мајкл Гоу (Michael Gough) и Сузана Хамилтон (Suzanna Hamilton). Директор на фотографијата е Дејвид Воткин (David Watkin), додека музиката е дело на Џон Бари (John Barry). Филмот е делумно заснован на истоимената автобиографска книга на Икас Динсен (псевдоним на данската писателка Карен Бликсен) од 1937 година. Филмот бил пречекан со позитивни оцени од филмската критика, а денес важи за една од најубавите епски романтични приказни на филмското платно. Филмот освоил 28 филмски награди, меѓу кои и шест „Оскари“ (од вкупно 11 номинации), и тоа во следниве категории: најдобар филм, најдобра фотографија, најдобра музика, најдобро сценарио, најдобра сценографија и најдобар звук. Покрај тоа, филмот освоил три награди „Златен глобус“, како и три награди БАФТА.[3]

„Моја Африка“
Филмскиот плакат
РежисерСидни Полак
ПродуцентСидни Полак
Ким Џоргенсен
Главни улогиРоберт Редфорд
Мерил Стрип
Клаус Марија Брендоер
МузикаЏон Бери
КинематографијаДејвид Ваткин
МонтажаФредрик Стејнкамп
Вилијам Стејнкамп
Пимброук Хиринг
Шелдон Кан
Студио„Mirage Studios“
ДистрибутерUniversal Studios
Премиера18 декември 1985
Времетраење161 минута
Земја САД
ЈазикАнхлиски
Свахилиски
Буџет$28 милиони[1]
Бруто заработка$128.499.205[2]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во Кенија. Во 1913 година, откако еманципираната Карен (ја игра Стрип) се согласува да се омажи за баронот Брор Бликсен (го игра Брандауер), кој е брат-близнак на својот неверен љубовник, таа му се придружува на сопругот, кој има плантажа на кафе во близината на Најроби. Карен мора да се привикне на новиот стил на животот во британската колонија, но веднаш по доаѓањето, таа се запознава со привлечниот ловец Денис Финч Хатон (го игра Редфорд) кој е, исто така, слободоумен. На почетокот, бракот на Карен и Брор е хармоничен, но подоцна тој почнува да се опива и да ја изневерува сопругата. Огорчена од неговото однесување, поради кое таа заболува од сифилис, Карен се зближува со Денис и самата раководи со плантажата, а Брор заминува да живее со друга жена. Некое време, Карен и Денис одржуваат страсна љубовна врска, но еден ден, тој гине во авионска несреќа. Потоа, на фармата на Карен избувнува пожар и така пресушуваат нејзините приходи, па таа е принудена да се врати во Данска.


Наводи

уреди
  1. Хармец, Елџин (29 ноември 1985). „На филмовите“. Њујорк Тајмс. Посетено на 13 јуни 2011.
  2. „Box Office Mojo“ („Моја Африка“)
  3. A Oscara dobiva...: Moja Afrika, američki film (1985.) (пристапено на 4.3.2023)

Надворешни врски

уреди

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>