Баронблагородничка титула. Женски род е бароница или баронеса[1].

Во феудална Западна Европа, барон бил феудален господар и непосреден вазал на кралот, а подоцна станал само почесна благородничка титула.

Велика Британија

уреди

Титулата барон во Англија е титула на млад пер и во хиерархијата на благороднички титули се наоѓа под титулата виконт. Значи барон е најниска титула на перството (високото благородништво).

Во Шкотска до денот на укинување на феудалното право (28 ноември 2004), бароните биле феудални господари со ограничена кривична и судска надлежност на своите имоти, именувале судии, обвинители и судски чиновници. После 28 ноември 2004 година, сите шкотски феудални барони го изгубиле правото на власт и судска постапка кое го имале на основа на својот баронски статус. Титулата барон е префрлена меѓу другите наследни благороднички титули и денес таа е најмлада благородничка титула во Шкотска.

Германија

уреди

Во Германија титулата барон ја добивале членовите на витешките семејства кои биле непосредни вазали на царот. Во XV век, титулата им се давала и на благородничките семејства кои биле во вазален однос кон други велможи. Според тоа титулата барон (((lang-de|Freiherr}}) по ранг била веднаш под грофовската. Истото било и во Австрија, Англија и Франција каде баронската титула била веднаш после титулите виконт, маркиз и војвода, а исто така под синовите на маркизите и војводите и најстарите синови на грофовите.

Русија

уреди

Во Руската Империја, титулата барон ја вовел Петар Велики. На крајот на XIX век, во Русија биле регистрирани 240 баронски семејства. Титулата била укината после Октомвриската револуција (1917).

Баронот како тема во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2003). Толковен речник на македонскиот јазик. I. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 91. ISBN 9989-640-49-1.
  2. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.