Мордовија арена
54°10′54″N 45°12′13″E / 54.18167° СГШ; 45.20361° ИГД
Мордовија Арена | |
---|---|
Место | Саранск (Русија) |
Изграден | 2010 — 2018 |
Отворен | |
Сопственик | |
Подлога | трева |
Игра | |
Гледачи |
Мордовија арена ( руски: Мордовия Арена) е фудбалски стадион во градот Саранск, во Мордовија во Руската Федерација. Стадионот беше наменски изграден за потребите на Светското првенство во фудбал 2018 година, чиј домаќин е Русија. Сместен е во центарот на градот покрај брегот на реката Инсар. Граден е од 2010 година до април 2018 година, а трошоците за изградба изнесуваат 16,5 милијарди руски рубли.[1] Проценетата сместивост на стадионот за Светското првенство е 44 442 седечки места , а потоа се планирало да се намали сместивоста на стадионот на 28 000 места.
Планирано е по Светското првенство, стадионот да биде предаден на употреба на локалниот фудбалски клуб ФК Мордовија .
Дизајн
уредиВо обид да биде домаќин на Светското првенство во 2018 година, кое беше доставено до ФИФА, новиот стадион во градот Саранск беше прикажан со привремен дизајн од германскиот архитект Тим Хуп. Локалната компанија СаранскГражданПроект е избрана за конечен изглед на стадионот. Просторот треба да има едноставен изглед во форма на тенџере со портокалови седишта и сместивост за 44 442 лица, но само за време на турнирите. По Светското првенство во 2018 година, горните трибини треба да се демонтираат, со што ќе се намали сместивоста на 28 000 места. Меѓу остатокот и покривот ќе се создаде шеталиште со малопродажен простор и простор за одмор.
Овалниот стадион ќе има двокатен подрум и пет ката.
Тревата за стадионот се увезува од Канада, а под гредите ќе има греење од 37 километри, како и надземни грејачи.
Изградба
уредиИзградбата на последниот петти кат започна во декември 2015 година.[2]
Ѕидовите и покривот се направени од една школка од перфорирани метални плочи во сончеви бои. Тоа треба да претставува топлина и гостопримливост. Поцинкуваната кровна подлога е изработена од профилирани лимови кои ќе имаат изолација и мембранска подлога поставена над горниот дел.[3]
Изградбата на стадионот се очекува да заврши до април 2018 година.[4]
ФИФА Светско првенство 2018 година
уредиСтадионот ќе биде домаќин на четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во фудбал 2018 година. Тест-натпреварот е закажан за 21 април 2018 година.[5]
Датум | Време | Тим # 1 | Резултат | Тим # 2 | Група | Број на посетители |
---|---|---|---|---|---|---|
16 јуни 2018 година | 19:00 часот | Перу | 0 : 1 [6] | Данска | Група Ц. | 40 500 [7] |
19 јуни 2018 година | 15:00 часот | Колумбија | 1 : 2 [8] | Јапонија | Група Х. | 40 842 [9] |
25 јуни 2018 година | 21:00 часот | Иран | 1 : 1 [10] | Португалија | Група Б. | 41 685 [11] |
28 јуни 2018 година | 21:00 часот | Панама | 1 : 2 | Тунис | Група Г. | 37 168 [12] |
Користена литература
уреди- ↑ „Стоимость строительства стадиона в Саранске составит 16,5 млрд рублей“. Sports.ru. 19 декември 2014.
- ↑ „Construction of Mordovia Arena top floor begins in Saransk“. Welcome 2018. 17 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2018-02-20. Посетено на 19 февруари 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „FIFA: Mordovia Arena construction going at fast pace“. Welcome 2018. 29 септември 2017. Архивирано од изворникот на 20 февруари 2018. Посетено на 19 февруари 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Carroll, Oliver (31 декември 2017.). „Prison football: Inside the World Cup 2018 city whose sporting history is intrinsically linked to the Gulag“. The Independent. Посетено на 19 февруари 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Mordovia Arena set to host first test match in April ahead of 2018 FIFA World Cup“. TASS. 29 септември 2017. Посетено на 19 февруари 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „World Cup 2018 Russia » Group C » Peru - Denmark 0:1“. worldfootball.net. Посетено на 26 јуни 2018.
- ↑ „Match report – Group C – Peru - Denmark“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 16 јуни 2018. Посетено на 16 јуни 2018.
- ↑ „World Cup 2018 Russia » Group H » Colombia - Japan 1:2“. worldfootball.net. Посетено на 26 јуни 2018.
- ↑ „Match report – Group H – Colombia - Japan“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 19 јуни 2018. Посетено на 19 јуни 2018.
- ↑ „World Cup 2018 Russia » Group B » Iran - Portugal 1:1“. worldfootball.net. Посетено на 26 јуни 2018.
- ↑ „Match report – Group B – IR Iran - Portugal“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 25 јуни 2018. Посетено на 25 јуни 2018.
- ↑ „Match report – Group G – Panama - Tunisia“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 28 јуни 2018. Посетено на 28 јуни 2018.
Надворешни врски
уреди- Информации за стадионот на мрежното место на ФИФА Архивирано на 12 октомври 2017 г.
- Податоци на мрежното место на Организациониот одбор на СП 2018. Архивирано на 10 октомври 2016 г.