Монти Пајтон

(Пренасочено од Монти Питон)

Монти Пајтон (англиски: Monty Python) — група британски комичари составена од Греам Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс и Мајкл Палин. Групата се собира по повод снимањето на серијата Летечкиот циркус на Монти Пајтон, а заедно снимаат и четири долгометражни филмови, неколку музички албуми и низа театарски претстави.

Монти Пајтон
Monty Python
Изворно имеMonty Python
МедиумТелевизија, Филм, Театар,
Аудио
НационалностОбединето Кралство Британци (5 члена)
САД Американци (1 член)
Работен век1969-1983
Жанровиsкечеви, надреален хумор
Влијанија одИдиотит, Спајк Милигaн
Влијаел врзСите подоцнежни британски комичари; Даглас Адамс и Еди Изард се гледаат како нивни директни наследници.
Познати дела и улогиЛетечкиот циркус на Монти Пајтон (1969-1974)
Монти Пајтон и Светиот Грал (1975)
Житието на Брајан според Монти Пајтон (1979)
Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул (1982)
Смислата на животот (1983)
ЧленовиГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
Мреж. местоPythOnline

Во 2005 година, според анкетата на списанието The Comedian's Comedian, тројца од членовите на Монти Пајтон биле изгласани меѓу 50те најголеми комичари на сите времиња од страна на нивните колеги. Палин се нашол на 30, Ајдл на 21, а Џон Клиз на второто место, веднаш зад Питер Кук.

Името Монти Пајтон, односно Монти Питон било избрано зашто на членовите им звучело смешно. Монти е прекарот на легендарниот британски маршал од Втората светска војна, Бернард Монтгомери, а Пајтон (питон, името на змијата) е додадено само заради комичниот ефект.

Почеток

уреди

Палин и Џонс се познавале уште од Оксфорд, а Клиз и Чепмен заедно го посетувале Кембриџ, па по пат на неколку нивни познанства групата се собира да снима емисија за Би-Би-Си.

Серијата започнува со емитување во 1969 година и веднаш го привлекува вниманието на гледачите поради својот нестандарден хумор. Специфичноста на она што подоцна ќе биде наречено "Пајтон стил" се состои во создавањето на, на прв поглед, неповрзани и бесмислени скечеви кои неретко немале ниту крај, ниту карактеристичен почеток. Тоа било плод на необичниот начин на кој Пајтоновците работеле на своите скечеви: се групирале по двајца и потоа одлучувале што од она што го смислиле ќе влезе во емисијата. Според Клиз: "Ако некогаш премногу се заморувавме околу крајот на некој скеч - го остававме недовршен."

Исто така важен дел од емисијата се и надреалистичките анимации на Тери Гилијам кои до денес се визуелен печат врз нивната работа.

Во текот на емитирањето на серијата, групата го снима и долгометражниот филм А сега, нешто сосема различно (1971), колекција на нивните стари скечеви (повторно снимени за филмот) со додавање на оние кои претходно биле исфрлени.

Крај на серијата

уреди

Бидејќи серијата траела четири сезони, групата малку се уморила од нејзиното снимање. Неколку членови на групата признаваат дека кон крајот на емитувањето на серијата постоела извесна затегнатост меѓу различните членови на групата, посебно околу Чепмен кој во тоа време бил алкохоличар и за кого Клиз рекол "беше невозможно да се работи со него". Ситуацијата резултирала со повлекување на Клиз поради што последната сезона минала без него.

Последната епизода (вкупно ги имало 45) емитирана е во 1974 година, кога и формално завршува Летечкиот циркус.

Подоцнежни проекти

уреди

Желбите на британската јавност "за уште Пајтонизам" доведуваат до ново обединување на групата за снимање на филмот Монти Пајтон и Светиот Грал (1975) кој ја обработува легендата за Кралот Артур и кој (според табелата на IMDB, по оцените на корисниците) е 52ри најдобар филм на сите времиња [1]. Следува уште еден голем хит на Пајтоновците - Житието на Брајан според Монти Пајтон [2], филм за еден несуден пророк во времето на Исус.

Успехот продолжува и со Смислата на животот (1983) последниот голем проект на Пајтоновците [3].

Влијание

уреди

Серијата стекнува голема популарност и е една од највлијателните хумористични серии во историјата. Долгометражните филмови стануваат култни и денес имаат огромен број обожаватели ширум светот. Воопштено, влијанието на групата во светот на комедијата се споредува со влијанието на Битлс во светот на музиката. Интересно е дека сите членови на овој легендарен рок бенд биле обожаватели на Монти Пајтон.

Самото име "Монти Пајтон" и денес е симбол и персонификација на забавен и добар хумор.

Надворешни врски

уреди


Монти Пајтон  
Членови Греам ЧепменЏон КлизТери ГилијамЕрик АјдлТери ЏонсМајкл Палин
Филмови и ТВ серии Летечкиот циркус на Монти Пајтон  • А сега, нешто сосема различно  • Монти Пајтон и Светиот Грал  • Житието на Брајан според Монти Пајтон  • Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул  • Смислата на животот