Мушереф Лозана

македонска глумица
(Пренасочено од Мишка Лозана)

Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка (турскиːMüserref Lozana, 18 август 1933, Приштина - 29 март 2019 во Скопје) — македонска глумица[1], доајенка на турскиот театар.

Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка
Роден(а)18 август 1933
Приштина,  Кралство Југославија денес  Косово
Починал(а)29 март 2019(2019-03-29) (возр. 85)
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеглумица

Животопис уреди

Била член на Обласното позориште во Приштина (1951-1955), а потоа (1955-1991) била член на драмата на Турски театар - Скопје.

Улоги: Скамполо и Мирандолина во истоимените дела, Ана („Мајка Храброст“), Емина („Лудата Емина“), Долорес („Јерма“), Капларот („Кавкаски круг со креда“).

Била добитничка на многубројни награди и признанија меѓу кои: награда за најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Капларот во претставата „Кавкаски круг со креда“ (Прилеп, 1988), награда „Глумец на годината“ на ревијата „Екран“ (Скопје, 1989), награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1998), награда за животно дело “Златен дедал” – Европска филмска академија ЕСРА (Скопје, 2012) и награда “13 Ноември” на Град Скопје од областа уметноста – за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје (Скопје, 2016). Починала во Скопје на 29 март 2019 година.[2]

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1966 До победата и по неа ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1982 Илинден ТВ-серија
1985 Од зад грб ТВ-филм Жената
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Жената
2002 Наше маало ТВ-серија Комшивка
2007 Мултиплеј ТВ-филм Мушереф
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Елена
2009-2010 Балканска свадба ТВ-серија Бабата
2010 Македонски народни приказни ТВ-серија Дежда
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија Муксинет
2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лозана“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 806. Text "series " ignored (help)
  2. ПОЧИНА МУШЕРЕФ ЛОЗАНА - ДОАЈЕНКА НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР