Михаил II (Византија)

византиски цар
(Пренасочено од Михаил II Амориецот)

Михаил II наречен Амориецот или Пелтекотвизантиски цар кој владеел од 820 до неговата смрт на 2 октомври 829 година, прв владетел на Аморијанската династија.

Михаил II
Цар на Византија
Михаил II и неговиот син Теофил, основачи на Аморијанската династија.
На престол25 декември 820 — 2 октомври 829
ПретходникЛав V Ерменец
НаследникТеофил
Роден(а)770
Амориј
Починал(а)2 октомври 829 (возраст 59)
ПридружникТекла, Ефросина
ДецаТеофил
ДинастијаАморијанска династија
Амориска или фригиска династија
Хронологија
Михаил II 820–829
со Теофил совладетел, 822–829
Теофил 829–842
со Константин (о. 833–835) и Михаил III (840–842) совладетели
Михаил III 842–867
под Теодора и Теоктист регенти, 842–855, и со Василиј I совладетел 866–867
Наследување
Претходела
Лав V и Арапска династија
Следела
Македонска династија

Михаил бил војник, кој се искачил во висок чин заедно со неговиот другар Лав V Ерменец (владеел 813–820). Му помогнал на Лав да го тргне од престолот и да го заземе местото на царот Михаил I Рангабе. Меѓутоа, подоцна и самите ќе се разидат и Лав ќе го казни Михаил на смрт. Потоа, Михаил успева маестрално да спроведе заговор, кој ќе доведе до убиство на Лав на Божиќ во 820 година. Веднаш се соочил со голем револт на Тома Славјанинот, кој скоро и да го загубел престолот и не бил целосно уништен до пролетта 824 година. Подоцнежните години биле обележани со две големи воени катастрофи кои имале долгорочни ефекти: почнувањето на муслиманската окупација на Сицилија и загубата на Крит од Сарацените. На домашен терен го поддржал и го засилил верувањето во официјалното иконоборство, кое повторно започнале со Лав V.

Ран живот

уреди

Михаил е роден во 770 година во Амориј, во Фригија, во семејство на професионални војници-селани, кои добивале земја од државата за нивните воени служби. Неговото семејство припаѓало на јудео-христијанската секта Атинганои, чии членови биле Кападокијци кои ги прифатиле еврејските ритуали. Атинганои биле бројни во Анадолија и заедно со Грците и Ерменците го создавале јадрото на византиската војска во тоа време.

Михаил првпат се покажал како стражар на генералот Барданес Туркос, заедно со неговите идни соперници Лав Ерменецот и Тома Славјанинот. Се оженил со ќерката на Барданес, Текла, додека Лав се оженил со другата ќерка. Михаил и Лав го напуштиле Барданес кратко потоа откако му се спротивставил на царот Никифор I во 803 година и тие биле наградени со повисоки воени чинови: Михаил бил именуван за царски службеник. Михаил бил клучен во симнувањето од престолот на Михаил I Рангабе во 813 година од страна на Лав, по воените порази на Рангабе против Бугарите. Под водство на Лав V, Михаил бил назначен за командант на елитната единица Екскувитори.

Меѓутоа, станал незадоволен од Лав V, кога царот се развел од золвата на Михаил. На Божиќ во 820 година, Лав V го обвинил за заговор, го затворил и го казнил со смрт, но го одложил погубувањето по Божиќ. Михаил испратил пораки до неговите созаговорници заканувајќи дека ќе го открие нивниот идентитет, додека нивни членови не го ослободиле и го убиле Лав V во текот на Божиќ во дворската капела „Св. Стефан“.

Владеење

уреди

Михаил бил веднаш прогласен за цар, додека сè уште ги носел синџирите на неговите нозе. Подоцна истиот ден бил крунисан од патријархот Теодот I Цариградски. Во неговата внатрешна политика, Михаил II го поддржувал иконоборството, но премолчано го охрабрувал помирувањето со почитувачите на икони, кои главно запрел да ги прогонува и им дозволил да се вратат од егзил. Ова го вклучувало и поранешниот патријарх Никифор и Теодор Студит, кои меѓутоа не успеале да влијаат на царот да го напушти иконоборството. Една од неколкуте жртви на политиката на царот бил идниот патријарх Методиј I.

Доаѓањето на Михаил го поттикнало апетитот на неговиот поранешен воен другар Тома Славјаниот, кој самиот се поставил како сопернички цар во Анадолија и успешно ги префрлил неговите сили во Тракија, успевајќи да го опсади главниот град во декември 821 година. Иако, Тома ја немал поддршката на некои од анадолските теми, ја обезбедил поддршката на поморската тема и нивните бродови, дозволувајќи му да го стесни обрачот околу Цариград. Во неговата прошетка за поддршка, Тома се претставувал како првак на сиромашните, намалени даночни стапки и завршил со сојуз со Ал-Мамун од Абасидите, крунисувајќи се како цар од антиохискиот патријах Јов.

Михаил II стекнал поддршка од Омуртаг од Бугарија, кој дошол за негова помош. Михаил II го присилил Тома да ја симне неговата опсада на Цариград во пролетта 823 година. Михаил го фатил Тома во Аркадиополис (Лулебургаз) и го присилил да се предаде во октомври. Михаил наследил сериозно ослабена војска и не бил во можност да го спречи освојувањето на Крит во 824 година од 10.000 Арапи (кои имале 40 бродови)[1] или да го поврати островот со експедиција во 826 година. Во 827 година, Арапите исто така ја освоиле Сицилија, стекнувајќи се со предност поради локалните борби и го освоиле Сиракуза.

По смртта на Текла во 823 година, Михаил II се оженил со Ефросина, ќерка на Константин VI и Марија Амниска. Овој брак веројатно бил со цел да ја зајакне положбата на Михаил како цар, но се случил со противење на свештенството, бидејќи Ефросина претходно била монахиња. Михаил II умрел на 2 октомври 829 година.

Поради неговото јудео-христијанско потекло и иконоборство, Михаил II не бил омилен помеѓу православното свештенство, кои го претставиле како неук и малку образуван селанец, но Михаил II бил подготвен државник и владетел. Донел стабилност во Византија по првпат во многу генерации и започнал обнова на византиската војска. Системот на владеење и војска поставени од Михаил II овозможил царството под водство на неговиот внук Михаил III да добие предност во нивната борба со Абасидите и да одолее на сите променливи во византискиот дворски живот. Директни наследници на Михаил II, Аморијанска династија како и подоцнежната Македонска династија, владееле со Царството повеќе од два века, воведувајќи ја македонската ренесанса во IX век и X век.

Наводи

уреди
  1. J. Norwich, Byzantium: The Apogee, 37

Извори

уреди
  • The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Михаил II (Византија)
Роден(а): 770 Починал(а): 2 октомври 829
Владејачки титули
Претходник
Лав V
Византиски цар
820–829
Наследник
Теофил
Политички функции
Претходник
Лав V
Конзул на Римското Царство
820–829
Наследник
Теофил