Мира Сањина (родена: Мира Баум, Загреб, 14 јануари 1924Земун, 17 декември 2010 година) е југословенска балерина, кореограф и балетски педагог.

Биографија

уреди

Мира Сањина е родена на 14 јануари 1924 година во Загреб. Студирала балет во Загреб кај Ана Малетиќ, во Виена кај Курт Џос и во Лондон кај Рудолф Лабан. Таа била карактерна танчерка со посебна индивидуалност. Своите први соло вечери со свои кореографии ги организирала во 1940 година во Загреб, Белград и Љубљана. По формирањето на Независна Држава Хрватска (НДХ), Сањина побегнала во Сплит, кој тогаш бил под власт на италијанските фашисти, а од 1943 година се приклучила на Народноослободителното движење. За време на Втората светска војна, т.е. во партизаните била член на Народноослободителниот театар. Во 1945 година, по војната, Сањина била ангажирана како солист во Балетот на Народниот театар во Белград. Таму танцувала во „Охридска легенда“, „Балада за средновековна љубов“, „Шпанско капричо“, „Љубовниот волшебник“ и други балетски претстави. Таа ги кореографирала „Саломе“ и „Баладата за залутаната месечина“ на Ричард Штраус, кои ги поставил во Загреб, како и танцови сцени во опери и на телевизија низ СФР Југославија. Во 1971 година го отворила „Студиото за модерен танц и современ танц“ во Белград, а истата година се повлекла од сцената. Мира Сањина починала во Белград на 17 декември 2010 година, а била погребана на Еврејските гробишта на 20 декември 2010 година.[1] [2][3]

Наводи

уреди
  1. Drnovšek, Jaša (2021-02-02). … in den vnbeweglichen vnd vnuerruckten Fußstapffen. ZRC SAZU, Založba ZRC. ISBN 978-961-05-0508-2.
  2. Puchol, Luis (1988-06-30). „Jóvenes y viejos ante el empleo“. Revista de Fomento Social: 149–164. doi:10.32418/rfs.1988.170.3013. ISSN 2695-6462.
  3. Bačić, Slaven (2008). „Značajno pravno leksikografsko delo - pravni leksikon, gl. ur. Vladimir Pezo, Leksikografski zavod Miroslav Krleža, Zagreb, 2007“. Glasnik Advokatske komore Vojvodine. 80 (9): 397–398. doi:10.5937/gakv0809397b. ISSN 0017-0933.

Литература

уреди
  • Romano, Jaša (1980). Jevreji Jugoslavije 1941-1945: žrtve genocida i učesnici narodnooslobodilačkog rata, Beograd: Jevrejski Istorijski Muzej, Saveza jevrejskih opština Jugoslavije.
  • Sorić, Ante (1988). Židovi na tlu Jugoslavije, katalog izložbe, Zagreb: Muzej MTM.