Милја (Гребенско)
Милја (грчки: Μηλέα) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото има 205 жители.
Милја Μηλέα | |
---|---|
Координати: 40°11′N 21°29′E / 40.183° СГШ; 21.483° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најм. вис. | 650 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 205 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51030 |
Повик. бр. | 24620 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на околу 15 километри северно од градот Гребен. Современото село Милја е изградено во средината на 1960-те години на 1,5 километар на север од дотогашното село Милја.
Историја
уредиВо 1963-1964 година со цел да се избегнат честите појави на свлечишта, жителите од селото Милја се иселени на 1,5 километар на север во новооснованото село Милја. Оттогаш старото село се нарекува Стара Милја (Παλιά Μηλιά, Палија Милја). Во него е сочувана црквата „Свети Димитар“ од 1900 година.[2]
Демографија
уредиПописи
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 367 | 381 | 295 | 372 | 233 | 306 | 205 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Κωνσταντίνου, Μητσάκη. „Μαστοροχώρια Γρεβενών – 1ο μέρος - Ανατολικά Μαστοροχώρια“ (PDF). BikeIt.gr.[мртва врска]