Милорад Митровиќ (фудбалер)
Милорад Митровиќ (Велико Градиште, 12 април 1908 - Сплит, 9 август 1993) бил југословенски и српски фудбалер и фудбалски тренер.
Кариера
уредиКариерата ја започнал во фудбалскиот клуб БСК Белград, каде играл до 1928 година. По Олимпискиот турнир во Амстердам, од 1928 година играл во Франција за Монпелје (1928-1932) и Сете 34 (1933-1934), заедно со Ивица Бек.[1] Во 1934 година се вратил во БСК Белград со кој освоил две национални титули на Југославија (1935 и 1936 година), а последниот натпревар го одиграл во дресот на БСК на 3 октомври 1937 година. Кариерата ја завршил во БАСК каде играл од 1937 до 1941 година.
За селекцијата на Белград одиграл 10 натпревари, за селекцијата на Југославија три, а дебитираше против селекцијата на Португалија на 29 мај 1982 година во Амстердам, на Олимпискиот турнир. Последниот натпревар за југословенската репрезентација го одиграл на 1 јануари 1935 година, против репрезентацијата на Романија во Атина за Балканскиот куп, кога репрезентацијата на Југославија го освоила единствениот победнички трофеј во ова натпреварување.[1]
Во периодот од 1955 до 1959 година бил селектор на Бурма.[2]
Бил со средна висина, цврста фигура, бил најголемиот „џентлмен“ на белградскиот фудбал во своето време. Тој важел и за еден од најдобрите југословенски бранители меѓу двете светски војни.[1]
Живеел во Сплит, каде што починал на 9 август 1993 година. години поради проблеми со крвните садови.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Mitrović Milorad“. reprezentacija.rs. Посетено на 30 август 2019.
- ↑ Milorad Mitrović ofkbeograd.co.rs
Надворешни врски
уреди- Милорад Митровиќ (фудбалер) на National-Football-Teams.com
- Профил на сајтот reprezentacija.rs[мртва врска]