Миле Гиноски (Пополжани, Кичево, 5 март 1958Рибница, Маврово и Ростушеф, 23 јули 2001) бил македонски бранител, резервист во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 23 јули 2001 година во заседа од единица водена од поранешниот заменик министер за одбрана и дезертер од АРМ.[1]

Миле Гиноски
05.03.1958 – 23.07.2001

Прекар:«Гина»
Роден во:Пополжани, Кичево, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Караула Рибница
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Резервист во АРМ
Единици: АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис уреди

Живот, војната 2001 година и смрт уреди

Миле Гиноски, меѓу пријателите познат по прекарот Гина, е роден на 5 март 1958 година во селото Пополжани, Кичевско. Загинува на 23 јули 2001 година во заседа од единица водена од поранешниот заменик министер за одбрана и дезертер од АРМ, Талат Џафери.

На 23 јули 2013, денот кога Миле Гиноски – Гина во кризната 2001 година беше убиен кај селото Рибница дебарско, откриено е спомен обележје во негова чест во близина на родното село Пополжани.[2] Миле Гиноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Наводи уреди

  1. „Откриено Спомен обележје на бранителот Миле Гиноски“. Нова Македонија. 1 август 2013. Посетено на 2015-04-10.[мртва врска]
  2. „Бранителот од Кичево Миле Гиноски доби спомен обележје“. kicevo.mk. 1 август 2013. Посетено на 2015-04-10.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.