Комо (езеро)
Комо (италијански: Lago di Como или Lario) — езеро од ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Зафаќа површина од 146 км2 и со тоа е трето по големина во земјата, по Гарда и Маџоре. Со своите 410 м ова езеро е едно од најдлабоките езера во Европа и самото дно е 200 м подморска височина.
Комо | |
---|---|
![]() | |
Lago di Como.pngКомо | |
Место | Ломбардија, Италија |
Координати | |
Главен дотек | река Ада, река Мера |
Главен истек | река Ада |
Површина на сливот | 4.509 км2 [1] |
Земји во сливот | Италија, Швајцарија |
Најг. должина | 46 км |
Најг. ширина | 4.5 км |
Површина | 146 км2 |
Прос. длабочина | 154 м [1] |
Најг. длабочина | 410 м |
Водна зафатнина | 22,5 км3 |
Проточност (на езерската вода) | 4.5 години [1] |
Надм. височина на површината | 198 m [1] |
Острови | Изола Комачина |
Населени места | Комо, Леко (видете во статијата) |
Наводи | [1] |
Езерото има многу интересен облик: како превртена буква „Y“. Северниот ракавец почнува од градот Колико, додека градовите Комо и Леко се наоѓаат на краевите на југозападниот, односно југоисточниот ракавец. Малите гратчиња Белаџо, Менаџо и Варена се наоѓаат кај крстопатот помеѓу трите ракава на езерото: ти се поврзани, меѓу другото, со тригајолна бродска превозна служба.
Во голем дел езерото го полни реката Ада, која се влева близу градот Колико а истекува кај градот Леко. Ова значи дека југозападниот ракавец е всушност слеп завршеток бидејќи Комо, за разлика од Леко, често се поплавува. Убавината на езерото и околината привлекува многу богати луѓе и ѕвезди каде тие имаат вили.
Името на езерото уреди
Вистинското италијанско име на езерото е Lario, но ова име ретко се употребува; Обично езерото се нарекува Lago di Como', што значи „Езеро Комо“.
Крајезерски населени места уреди
Западен брег од север кон југ | Јужен брег од запад кон исток | Источен брег од север кон југ |
---|---|---|
|
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „laghi italiani“. Istituto Italiano di Idrobiologia. Архивирано од изворникот на 2010-02-05. Посетено на 2006-11-17.
Надворешни врски уреди
- Карта на езерото Архивирано на 5 февруари 2009 г.
- Туристички информации за езерото