Симо Младеновски
Симо Младеновски (роден на 28 август 1947 година во село Враготурце, Кумановско) — македонски историчар, фолклорист и писател за деца, научен советник (1990) и редовен професор (1999) по помошни историски науки и методологија на научното истражување и раководител на Одделението за периодот меѓу двете светски војни во Институтот за национална историја.[1]
Симо Младеновски | ||
Роден | Враготурце, 28 август 1947 Кумановско, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | историчар фолклорист писател |
Животопис
уредиСимо Младеновски завршил Учителска школа и Филозофски факултет (група Историја) во Скопје, каде што посетувал и постдипломски студии од историјата на македонскиот народ во XIX и XX век., а докторирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во 1980 година. Бил професор во гимназијата со средно економско училиште во Кавадарци (1970–1974), а потоа работел во Институтот за национална историја, каде што бил избиран во стручни и научни звања. Бил член на Редакцијата и главен и одговорен уредник на сп. „Гласник“ на Институтот за национална историја, одговорен уредник на сп. „Родители и деца“, член на редакциите на „Историја“, „Македонско наследство“, „Развигор“, „Гоцеви денови“, „Просвета“ (Скопје) и „Народно стваралаштво – Фолклор“ (Белград). Бил директор на Државниот архив на РМ, претседател на Сојузот на друштвата на историчарите на Македонија и на Здружението на фолклористите на Македонија, член на Претседателството на Културно-просветната заедница на Македонија, претседател на Стручно-научниот совет на Државниот архив и координатор на проектот „Македонски историски речник“ на ИНИ.
За Институтот за фолклор во Скопје собрал повеќе илјади страници народно творештво од Кумановско (1966– 1970), а за Мемоарското одделение на ИНИ забележал сеќавања од околу 200 учесници во македонското националноослободително движење меѓу двете светски војни. Учествувал на стотина научни собири во земјата и во странство. Автор е на повеќе монографии, зборници на документи, учебници по историја за сите одделенија и класови на основните и средните училишта (на македонски, албански и турски јазик), како и автор на неколку книги раскази и поезија за деца. Бил и научен секретар на Македонската енциклопедија.
Библиографија
уреди- Првачиња (раскази за деца), Скопје, 1969;
- Празникот на мама (раскази за деца), Скопје, 1970;
- Доктор ЕШКО (песни за деца), Кавадарци 1971;
- Раскази за деца, Скопје, 1973;
- Силјан штркот (прераскажал, според приказната на М. Цепенков), Скопје, 1977;
- Сонот на птиците (песни за деца), Скопје, 1978;
- Доста ропство и тиранство. Македонски народни песни со тематика од НОВ и Револуцијата, Скопје, 1978 (со соавтор);
- Македонските народни песни за НОБ и Револуцијата, Скопје, 1983;
- Револуционерката Руша Делчева (1868–1945).
- По спомените на Лика Чопова, Скопје, 1983;
- Младината од Македонија во НОБ, Скопје, 1983;
- Тиквешијата во НОВ 1941–1945. Документи, книга шеста, Кавадарци–Неготино, 1984 (со соавтори);
- Шарена книга (Раскази и поезија за деца), Скопје, 1985;
- „Врапчето“ во Македонија како специфичен хумористично-сатиричен поетско-музички жанр, Скопје, 1985;
- Кичево и Кичевско во НОВ 1941–1945, Документи, Кичево, 1985 (со коавори);
- Банатското село Јабука, Скопје, 1986;
- НОБ и Револуцијата во Југославија и учеството на пионерите, Делчево, 1986;
- Куманово и Кумановско во НОВ 1941–1945, Документи, Куманово, 1988 (со соавтори);
- Банатско село Јабука, (на српски јазик), Скопје, 1988;
- Македонски револуционери, Скопје, 1989;
- Македонска енциклопедија за деца, т. 1-5, Скопје, 1990 (автор на одредниците од македонската историја од ⅩⅤⅠ-ⅩⅩ век);
- Македонски револуционери, Струмица, 1990;
- Македонска книга на рекорди, Скопје, 1992 (соавтор)
Литература
уреди- Муриз Идризовиќ, Македонската литература за деца, Скопје, 1988, 423-424;
- 50 години Институт за национална историја 1948-1998, Скопје, 1998, 124-129.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Младеновски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 978. Text "series " ignored (help)