Николас Стено
Николас Стено (Копенхаген, Данска 1638 - 1686 Шверин, Германија) бил римокатолички свештеник и научник по потекло од Данска. Студирал во Италија и станал лекар на големиот војвода од Тоскана. Во текот на престојот во Тоскана, тој ги демонсрирал принципите на суперпозиција и покажал дека нивоата на седиментните карпи прво се наслојувале едно преку друго со таложење на честичките од течноста. Со самото тоа, во секој ред на нивоа помладите слоеви лежат над постарите. Тој докажал дека и искосените или деформираните слоеви се образуваат поради поместување на Земјата по таложењето, како и тоа дека фосилите се остатоци од организми кои живееле во минатото.
Николас Стено | |
---|---|
Николас Стено | |
Роден(а) | 11 јануари 1638 Копенхаген |
Починал(а) | 25 ноември 1686 (48 години) Шверин (Германија) |
Националност | Данец |
Полиња | Анатомија и геологија |
Научна работа
уредиСтено прво студирал анатомија, во почетокот фокусирајќи се на мускулатурниот систем и на природата на мускулната контракција. Ја употребил геометријата да покаже дека со контракција мускулот го менува својот облик но не и волуменот.
Најзначајни дела
уреди- За цврстите тела кои се наоѓаат внатре во цврсти тела (1669)
- Elementary Mylogical Specimens (1669)
- Анатомски забелешки (1662)
- Discours de Monsieur Stenon sur L'Anatomie du Cerveau (Предавање на господинот Стено за анатомијата на мозокот, Париз 1669)