’Рскавични риби

класа риби
(Пренасочено од Chondrichthyes)
‘Рскавични риби
Период: ран силур - денес
Точкеста орлова раја, Aetobatus narinari
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: ’Раскавични риби
Хаксли, 1880
Поткласи и редови

Видете во текстот.

Вистинска раја (лизгач).

’Рскавични риби' (науч. Chondrichthyes) — една од трите класи на денешните риби и се одликуваат со ’рскавичен скелет. Остри, забовидни лушпи познати како плакоидни плочки се својствени за сите ’рскавични риби и понекогаш тие се изменети во боцки. Забите, кои исто така се изменети плочки, обично не се споени со вилицата и периодично отпаѓаат и се заменуваат. Пловниот меур, кој кај коскените риби ја дава рамнотежата, отсуствува кај членовите на оваа класа; одговорен за рамнотежата на ’рскавичните риби е нивниот лесен ’рскавичен скелет. Некои ’рскавични риби имаат други модификации за лебдење во водата. Химерите, ајкулите, лизгачите и раите припаѓаат на оваа класа.

Таксономија

уреди