Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Махмутли
црква во Махмутли, Нигритско
Рождество на Пресвата Богородица (грчки: Γεννήσεως τῆς Θεοτόκου) — црква во селото Махмутли, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Рождество на Пресвата Богородица | |
---|---|
Γεννήσεως τῆς Θεοτόκου | |
Место | Махмутли, Нигритско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполна базилика |
Изградба | 1939 - 1957 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Нигритско |
Епархија | Серско-нигритска |
Црквата е изградена на местото на помал храм. Изградбата траела од 1939 до 1957 г. Претставува крсткуполна базилика, живописана со средства на жителите. Осветена е во 1962 г. Во 1994 г. во црковниот дво е подигната помошна канцелариска градба.[1]
Во парохијата влегуваат и параклисите „Св. Пантелејмон“ и „Свети Евангелист Матеј“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Γεννήσεως τῆς Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 26 октомври 2019.