Масимо Бонтемпели
Масимо Бонтемпели (италијански: Massimo Bontempelli), (5 декември 1878, Комо – 21 јули 1960, Рим) бил италијански поет, драматург, романописец и композитор. Тој бил во Италија творецот на книжевниот стил познат како магичен реализам[1].
Масимо Бонтемпели Massimo Bontempelli | |
---|---|
Бонтемпели во 1954 година | |
Роден/а | 12 мај 1878 Комо |
Починат/а | 21 јули 1960 Рим | (возр. 82)
Занимање | романописец, раскажувач, новинар, драматург ,композитор |
Националност | Италијанец |
Жанр | Роман, расказ |
Книжевно движење | Магичен реализам |
Значајни дела | Шаховскиот сет во огледалото |
Животопис
уредиБонтемпели дипломирал на Универзитетот во Торино во 1903 година. Работел како наставник во основно училиште седум години, во тоа време малку пишувал. За време на Првата светска војна работел како дописник од фронтот. По војната, се населил во Милано посветувајќи се на литературата,се заинтересирал за литературните стилови на футуризмот и магичниот реализам. Во 1926 година, тој заедно со Курцио Малапарте го основале списанието „900“. Во редакцијата биле вклучени: Џејмс Џојс, Макс Жакоб , Рајнер Марија Рилке Вирџинија Вулф и Блез Сандрар[2].
За време на доцните 1920-ти и раните 1930-ти, Бонтемпели бил идеолошки блиску до фашизмот. Тој работел како секретар на синдикатот на фашистичките писатели а во странство предавал за италијанската култура. Сепак, во 1938 година тој одби да прифати универзитетско работно место што пред тоа го имал професор со еврејско потекло, поради што бил исфрлен фашистичката партија, приклонувајќи се кон комунизмот. Во 1953 година, бил избран за сенатор а бил и рехабилитиран, од неговото минато[3].
Творештво
уреди- 1908 Современиот сократ Сократ
- 1912 Седумте мудреци
- 1916 Чувар на месечината
- 1919 Хеџ на северозапад
- 1920 Интензивниот живот - Роман за романи
- 1921 Макотрпниот живот; Нови приказни за авантури
- 1922 Патувања и откритија; Шаховската табла пред огледалото (Шаховскиот сет во огледало); Најнови авантури
- 1923 Ева последна (Последна Ева)
- 1924 Жената од Надир
- 1925 Жената на моите соништа и другите современи авантури; Нашата Божица
- 1926 Едемот на желката
- 1928 Жена на сонце и други идили; Мини искрен
- 1929 Син на две мајки (Момчето со две мајки); Неософистот
- 1930 Животот и смртта на Адрија и нејзините деца
- 1931 Мојот живот, смрт и чуда; Состојба на блаженство
- 1932 Семејството на ковачот; Приказна за еден ден; Валорија
- 1934 Глад
- 1935 Нембо [4]
- 1934 Галерија на робови ; Љубоморниот татко на Басано
- 1937 Луѓе во времето
- 1938 Авантура на дваесеттиот век
- 1941 Обиколка на сонцето
- 1942 Седум говори; Пепелашка[5]
- 1945 Ноќите ; Водата
- 1946 Октогеријанецот
- 1947 Венеција Зачувај
- 1949 Невиноста на Камила
- 1953 ВерниотЉубовник
Наводи
уреди- ↑ BONTEMPELLI MASSIMO
- ↑ „Massimo Bontempelli (1878–1960), poet, novelist, playwright and composer“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-07-25.
- ↑ „Massimo Bontempelli was an Italian novelist“. Архивирано од изворникот на 2020-06-05. Посетено на 2020-07-25.
- ↑ Stormcloud
- ↑ Пепелашка
Надворешни врски
уреди- Massimo Bontempelli Papers, 1865-1991 Finding aid for collection of Massiomo Bontempelli papers held by the Getty Research Institute, including listing of holdings and biographical information.