Марсело Естигарибија
Марсело Алехандро Естигарибија Балмори — парагвајски фудбалер, играч од средниот ред на Чијапас.
Марсело Естигарибија | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 21 септември 1987 | ||
Роден во | Фернандо де ла мора, Парагвај | ||
Висина | м | 1,81||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Предлошка:Fb team Chiapas | ||
Број | 32 | ||
Младинска кариера | |||
Унион Пацифико | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2006 | Спорт Колумбија | 10 | (0) |
2006–2008 | Серо Портењо | 45 | (6) |
2008–2011 | Ле Ман | 12 | (0) |
2010–2011 | → Њуелс Олд Бојс | 45 | (0) |
2011-2012 | Депортиво Малдонадо | 0 | (0) |
2011-2012 | → Јувентус | 14 | (1) |
2012-2013 | → Сампдорија | 34 | (2) |
2013-2014 | → Кјево | 16 | (0) |
2014-2016 | → Аталанта | 25 | (2) |
2016 | → Серо Портењо | 22 | (1) |
2017- | →Предлошка:Fb team Chiapas | 3 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2008- | Парагвај | 28 | (1) |
* Ажурирано на: 16 мај 2010 ** Ажурирано на: 18 ноември 2008 |
Кариера
уредиПочетоците и настапите во Јужна Америка
уредиЕстигарибија својата кариера ја започнал во младинските категории на аматерскиот клуб Унион Пацифико. Потоа тој потпишал за тимот на Спорт Колумбија каде дебитирал во првата парагвајскa лига на само 17 години. По една сезона помината во првата лига и десет одиграни натпревари, тој заминал во еден од најпознатите тимови во Парагвај, Серо Портењо. За две сезони тој тука одиграл 45 меча пред да го направи својот прв трансфер надвор од неговата татковина. Во август 2008 тој потпишал за францускиот фудбалски клуб Ле Ман. Тука тој немал многу можност да игра па затоа се вратил во Јужна Америка во дресот на Њу Олд Боис како позајмен играч на 18 месеци.
Јувентус
уредиНа почетокот на летото 2011 година тој потпишл со уругвајскиот, Депортиво Малдонадо, но пред да почне првенството тој заминал во италијанскиот прволигаш Јувентус на заем со можност за откуп на неговиот договор за 5 милиони евра по крајот на сезоната.
Своето деби за италијанскиот гигант Естигарибија го имаше на 16 октомври на гостувањето кај Кјево кога влезе како замена на местото на Емануеле Џакерини во 80-тата минута од мечот што заврши без голови.Во следното коло тој беше за стартер за Јуве на Јувентус Стадион против Џенова. Својот прв гол во црно-белиот дрес Естигарибија го постигнал на 29 ноември 2011 во дербито против Наполи на Сан Паоло што завршило со нерешени 3-3.
На крајот на сезоната Јувентус го освоил првото место во Серија А, стигнувајќи до нивното 30-то скудето во историјата на клубот, а прво лично во кариерата за Естигарибија.
Сепак, по завршувањето на сезоната Јувентус одлучил да не го откупи Естигарибија и тој морал да се сврти кон барање на друг клуб.
Сампдорија
уредиНа 4 август 2012 екипата на Сампдорија го потврдила доаѓањето на Естигарибија во Џенова преку нивното официјално мрежно место.
Титули
уредиЈувентус
уреди- Серија А (1) : 2011-2012