Марков Камен (Ново Село)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Марков Камен

Карта

Местоположба 41°44′6″N 22°10′55″E / 41.73500° СГШ; 22.18194° ИГД / 41.73500; 22.18194
Основни податоци
Место Ново Село
Општина Штип
Тип

 некропола


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Марков Каменархеолошко наоѓалиште во штипската населба Ново Село. Претставува некропола од хеленистичко време [1],[2]. На рамнината што се издига над градските гробишта, од западната страна, поточно во некогашната нива на Јордан Арнаудов од Штип, во 1960 година се откриени и истражени два гроба од типот циста, со конструкции од монолитни камени плочи. Гробовите биле прекопани порано, така што надвор од нив се најдени ситни коски од скелетите на умрените, фрагменти од широка паница и две фибули од „малоазиски тип“. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. „Штип“. Архивирано од изворникот на 2020-09-30. Посетено на 2020-08-24.