Мантица (Велгошти)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Мантица

Карта

Местоположба 41°7′57″N 20°50′12″E / 41.13250° СГШ; 20.83667° ИГД / 41.13250; 20.83667
Основни податоци
Место Велгошти
Општина Охрид
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Мантица или Бозоицаархеолошко наоѓалиште во охридското село Велгошти. Претставува средновековна црква и некропола. На околу 800 метри североисточно од селото, лево од патот што води кон Петрино и Ресен, во близина на црквата Св. Илија има мала капела посветена на Св. Илија. Источно од капелата биле откриени три гроба градени од камени плочи, со насоченост исток-запад, за кои се претпоставува дека се дел од раносредновековна некропола. Во еден дел од гробовите е најдена сребрена обетка која денес се чува во Заводот и Музеј во Охрид.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069