Кале (Велгошти)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале

Карта

Местоположба 41°7′57″N 20°50′12″E / 41.13250° СГШ; 20.83667° ИГД / 41.13250; 20.83667
Основни податоци
Место Велгошти
Општина Охрид
Тип

 тврдина


Период среден век
Портал „Археологија“

Кале археолошко наоѓалиште во охридското село Велгошти. Претставува тврдина од доцната антика и Среден век Тврдина од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на источниот крај на Петринско Поле, непосредно до патот Охрид-Велгошти-Ресен, на превојот на планината Петрино. Претставува висок доминантен рид со зарамнет врв на кој има остатоци од утврдување, со површина од 100 м (север-југ) и 30 м (исток-запад). Ѕидовите се широки 1,25 м, ѕидани од кршен камен и хидростатичен малтер. Надвор од бедемот има два широки рова на растојание од 10 до 15 м. Во внатрешноста на тврдината се забележуваат темели на ѕидови од повеќе објекти градени од камен и варов малтер, а во западниот крај има објект со ѕид зачуван 2 м во височина. Освен остатоци од архитектура, на површината има фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, питоси и расфрлен градежен материјал. Се претпоставува дека на ова место била станицата Бруцида,подигната покрај патот Вија Егнација[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „с. Велгошти“. Архивирано од изворникот на 2020-10-24. Посетено на 2020-08-15.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069