Параклис „Св. Јован Богослов“ (Пресвета Богородица Мавровска)

параклис во манастирот Пресв. Богородица Мавровска кај Костур, Егејска Македонија

Свети Јован Богослов (грчки: Αγίου Ιωάννη του Θεολόγου) — параклис во манстирот „Пресв. Богородица Мавровска“ кај градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Јован Богослов
Αγίου Ιωάννη του Θεολόγου
Параклисот и манастирската црква зад него
Карта
40°30′35.2″N 21°17′25.2″E / 40.509778° СГШ; 21.290333° ИГД / 40.509778; 21.290333
МестоКостур
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1552
Управа
Архијерејско намесништвоКостурско
ЕпархијаКостурска

Местоположба

уреди

Параклисот е залепен за јужниот ѕид на главната манастирска црква. Самиот манастир се наоѓа на западниот брег на Костурскиот Полуостров.

Архитектура

уреди

Ова е мал еднокорабен храм со дрвен покрив и влез од запад. Апсидата не излегува вон источниот ѕид. Неговиот северен ѕид е и јужен ѕид на манастирската црква, па затова и покривот е едноводен, кој влегува под косината на манастирската црква.[1]

Фрески

уреди

Целата внатрешност на храмот, како и западната влезна фасада се насликани со фрески. Според надвлезниот натпис, храмот е подигнат во 1552 г. и живописан од зографот Евстатиос Јакову, протонотар на Арта. Во 1536/37 г. истиот мајстор ја живописал црквата на манстирот „Пресв. Богородица Депаличка“ во Епир. Параклисот е наполно насликан во три подрачја, и фреските се зачувани во релативно добра состојба.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 97.

Надворешни врски

уреди